Оригинален наслов: Organ harvesting in Macedonia a fact, police is involved
Странски медиум објавува шпекулативен текст, потпишан од „македонски автор“, во кој заговара трговија со органи на исчезнати лица во земјава. Текстот започнува со фотографија од МВР со цел да упати на заклучок дека полицијата е вмешана. Медиумот, како по филмско сценарио, приказната ја темели на трагичниот случај со исчезнатата жена која беше пронајдена мртва. Сценариото се надополнува со нападнатите полицајци во општината Шуто Оризари. Расплетот на приказната се шминка со национална ознака, со цел да предизвика чувство на дискриминација од полицајците кои наводно се вмешани во трговија со органи. Медиумот не се повикува на официјалната информација на МВР, навестувајќи дека можеби министерот не е вмешан, но забележувајќи дека тој го премолчал и не ја известил јавноста за случајот. Сајтот нема импресум, ниту начин за контакт.Линк до оргиналната статија тука.
Медиумите гладни за вакви филмски заплети прифаќаат да започнат серијал
Линк до статијата тука.
Текстот во овој случај вметнува податоци од медицински извори, асоцирајќи дека за трговија со органи, постои криминална спрега на релација полиција-медицина. Медиумот како свој извор го наведува Здружение за безбедносни истражувања, човекови права и слободи – БИПС, чија мисија споделена на нивниот Фејсбук профил е „Застапување и лобирање за промена на факторите кои придонесуваат за загрозувањето на личната безбедност, безбедноста во сообраќајот и чувството на безбедност.“
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Медиумското филмско сценарио не ги почитува новинарските начела и стандарди, ја заобиколува етичноста при известувањето во чувствителни случаи, не почитувајќи ги правилата за заштита на личниот идентитет и семејствата при трагедии. При пласирање на непотврдените тези, намeрно се изоставуваат официјалните информации, од МВР и судска медицина.
„Уште еднаш најостро ги демантирам дезинформациите и шпекулациите во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица. Категорично ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и наводна препродажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации. Ниту има случаи на киднапирање ниту пак на лицата што во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи“, рече министерот Оливер Спасовски на прес конференција.
Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за исчезнати им биле вадени органи.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО