ОПИС

Оригинален наслов: Неверојатно Пророштво: „Денот ќе се скрати, ќе има помалку часови, а Америка ќе исчезне“Според порталот The Times архимандрит Таврион предвидел дека „Кина ќе помине низ Русија, но нема да помине како милитант, туку како да оди во војна некаде. Русија ќе служи како нејзин коридор. Кога ќе стигнат до Урал, тие ќе застанат и ќе живеат таму долго време. Исто така, за бар-кодот на производите, тој додаде дека ќе има симбол и 30 стапчиња, долги и средни и дека ќе ги лепи на производите“.

Потоа, следи омилениот наратив на про – Руските портали; „Америка:Целиот континет ќе исчезне“, но секако дека; „Бог ќе ја спаси Русија“.

 

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

ФАКТ/И

Низ српските портали масовно се ширеше лажна вест за отецот Таврион, кој наводно предвидел дека „Америка ќе исчезне“, a веста беше споделена и од про-руските портали како што се Onlinevesti.netalo.rsvaseljenska.netesspreso.rs. Меѓу првите што ја објавиле оваа вест е и Webtribune.rs, на 6 Јули 2020.  За жал, натписи со идентична содржина се појавија и на веб порталите во Северна Македонија, при што на 7 Јули, порталот The Times се приклучи на пропагандата.

Но, кој всушност бил архимандрит Таврион?

Според Православниот Христијански институт „Свети Филарет“(СФИ) и Otrhodox England, стариот Таврион е синоним за прогонство и страдање, но пред сѐ, тој се смета човек кој го посветил својот живот на верата.

Тој бил духовен водач на манастирот Спасо-Преображенски кај Јелгава. Отец Таврион бил еден од најистакнатите личности во Руската православна црква, еден од најзначајните руски проповедници од втората половина на XX-от век. Тој поминал повеќе од 25 години во концентрационите логори на Сталин и во егзил[1]. Насекаде во затвор, отец Таврион секојдневно служел литургија.

За време на гонењето на црквата во време на СССР, отец Таврион имал храброст да му се обрати на советскиот народ со зборот на верата. Во летните месеци, секој ден во манастирот причестувал до 150-200 луѓе. И додека неговите заслуги за проповедта на православието се големи, наративите за неговата способност да предвидува се само уште еден дел од големата анти-западна, анти-американска и про-руска пропаганда.

Тимот на Ф2Н2 смета дека иако овие написи немаат речиси никаква новинарска издржаност и се пренесуваат како темно пророштво и легенда, сепак тие целат кон сензибилитетот на читателите кои бараат надисторискa смисла или натприроден контекст за случувањата. Не станува збор за никакво пророшство, а про – руските портали како и секогаш, умешно користат религиозни фигури за пласирање на ваквата пропаганда.

 

Photo Credit: https://sfi.ru/about/biblioteka.html

[1] https://www.ceeol.com/search/article-detail?id=771905

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.