Како пример за ширење на смртоносната зараза преку црквените собири, може да послужи популарно наречениот Пациент 31 од Јужна Кореа. Имено се работи за жена на возраст од 61 година или триесет и првиот позитивно тестиран пациент во земјата, која што, при само две посети во црквата чиј што член била, успеала да зарази неверојатно голем број на верници. Па така бројката од само неколку случаи, израснa во илјадници новозаразени, во период од само неколку недели, кои главно доаѓале од градот Даегу, каде што се наоѓа црквата.

Се чини дека повиците за славење на Велигденските празници во црквите ширум земјава, не стивнуваат и покрај сите напори да се укаже на катастрофалните последици кои што ваквите собири би ги предизвикале.

Имено последните објави се шират преку социјалните мрежи и тоа најчесто од страна на црковни профили, па така на профилот на црквата “Света Троица” се појави натпис кој што подоцна беше избришан, со следната содржина: „Браќа и сестри Православни Христијани! На ден 18.04.2020 година во 23:30 часот да бидите сите во Црквите во вашата парохија и во 00:00 да го дочекаме Христовото Воскресение како што ни доликува со молитва и со причестна. А не по балкони, и по дворови. Црквата сè уште нема забрана за богослужба, така да сите богослужби остануваат како што се востановени во типикот, но доколку има промени во времето за богослужење накнадно ќе известиме. Мир и благослов од Христа Бога за вас и вашите ближни  се вели во апелот”. Ваквата објава наиде на остра реакција од страна на митрополитот Тимотеј кој што пак изјави дека Црквата нема дадено никаков благослов за да организираат и шират вакви повици.

Во своето обраќање пак, премиерот Спасовски соопшти дека влегуваме во критична фаза на заразата, каде што се очекува пандемијата  да го достигне врвот, па согласно тоа, истакна „Оваа година, верниците, своите молитви ќе ги упатат од дома. Велигденските пораки за победата над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за Рамазанските пораки. Од дома, преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници – напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме живот!“. Светиот Архијерејски Синод, во соопштение до јавноста повика на почитување на веќе утврдените владини мерки што се на сила, сè со цел за да се намали ширењето на заразата од погубната болест при тоа потенцирајќи дека евентуалните прекршители на вонредните владини мерки треба да понесат сопствена одговорност и да бидат соодветно санкционирани.

Како пример за ширење на смртоносната зараза преку црквните собири, може да послужи популарно наречениот Пациент 31 од Јужна Кореа. Имено се работи за жена на возраст од 61 година или триесет и првиот позитивно тестиран пациент во земјата, која што, при само две посети во црквата чиј што член била, успеала да зарази неверојатно голем број на верници. Па така бројката од само неколку случаи, израснa во иљадници новозаразени, во период од само неколку недели, кои главно доаѓале од градот Даегу, каде што се наоѓа црквата.

Согласно тоа, сега е време кога секој треба да понесе одговорност кон самиот себеси а и кон своите ближни. Нам не ни е потребно ваквото сценарио, кое што е школски пример како само еден заболен може драстично да ја смени ситуацијата и да придонесе ситуацијата да излезе од контрола. Поради тоа седењето дома нема да не направи послаби верници, туку напротив ќе ја зајакне нашата верба да го сториме она што е исправно за доброто на сите нас, за здравствените работници и сите оние кои секојдневно се жртвуваат за надминување на пандемијата.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.