F2N2 АНАЛИЗАПАПАТА ПРВПАТ, А ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ, ГОСТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Во пресрет на посетата на Република Северна Македонија на папата Франциск, на 7-ми мај 2019 година, на социјалните мрежи се развија различни теории на заговор.Во статус на Бобан Нонковиќ посетата на папата Франциск е поистоветена со крај на македонската ера и бришење на брендот Македонија.Авторот на оваа објава пишува дека на 7-ми мај (денот за кога е закажана посетата на папата) се навршуваат 2.000 години од првата поделба на Македонија како последица од поразот во Македонско-римските војни.Апсолутно неточно е да тврдиш дека после повеќе од 2 милениуми, клучната цел на Македонско-римските војни т.е. уништувањето на Македонија, ќе се оствари денес во 21-ви век со доаѓањето на папата.Постот е споделен и од страна на Миленко Неделковски и во самиот пост можат да се прочитаат коментари полни со омраза и верска нетрпеливост, несвојствени за луѓе кои се декларираат за припадници на христијанската вера.До моментот на објавување на нашата статија, постот на двата Фејсбук профили е споделен вкупно 339 пати, што укажува на тоа дека, за жал, теоријата на заговор допрела до не така мал број на корисници на Фејсбук. Посетата доби и една поинаква димензија. Имено, на еден од интернет порталите осамна статија чиј наслов укажува дека причината за посетата на папата е за да не “просветли” да ги прифатиме бегалците. Во самата статија тие се потпираат на пост објавен на Твитер од страна на Владимир Панчевски. Насловот на статијата и коментарот на Панчевски во неговиот пост не кореспондираат еден со друг.Видеото споделено на Твитер е подготвено од Eternal World Television Network (EWTN) и претставува промоција на посетата на папата во Бугарија, информирајќи дека тој ќе се сретне со мигранти, верски лидери и други лица. Каква е врската помеѓу средбата на папата со мигрантите во Бугарија и посетата на Северна Македонија, не знаеме. Но, она што го знаеме е дека ова е класичен пример за теорија на заговор поврзана со мигрантите, која не излегува од мода и секогаш е присутна во предизборието. Во исто време, ова претставува и Clickbait чија цел е да се привлече вниманието на читателите, без притоа да се води грижа за правилното информирање на јавноста.Можеме да заклучиме дека дури и посетата на папата може да се искористи за креирање на теории дека светот е против Северна Македонија.Историското прво доаѓање на поглавар на Римокатоличката црква во нашата држава не може да се протолкува како крај на македонската ера, на што укажува и фактот дека папата ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од страна на претседателот, премиерот и претставници на државниот врв.Тимот на F2N2 смета дека поради правилата, агендата и посебниот сообраќаен и пешачки режим кој ќе важи само за време на посетата, граѓаните треба да бидат правилно информирани. Затоа ве советуваме да ја посетите официјалната интернет страница papa.mk.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО