image
Средба на германски и советски команданти на германско-советската линија на демаркација во Полска, по успешната инавазија, септември 1939 година
Руската Федерација не е само правен наследник на СССР. Таа исто така ја наследи нејзината експанзионистичка политика, криејќи се зад изјавите за мир и помош за братските нации. Во таа смисла, септември 1939 и март 2014 имаат нешто заедничко.1-ви септември 1939 ja одбележa една од најтрагичните страници во историјата на човештвото – трупите на Хитлер навлегоа во Полска, започнувајќи го она што подоцна ќе стане Втора светска војна.Една недела претходно, на 23 август истата година, Берлин ја доби поддршката од Москва, која беше круцијална. Иако историјата не се занимава со хипотетички ситуации, Хитлер веројатно никогаш немаше да се осмели да ја нападне Полска без ваквата поддршка. Пактот Молотов-Рибентроп му даде отворена карта за агресија. Оттука, најдобро е настаните од 1 септември да се гледаат во светло на она што се случи една недела претходно, како и 16 дена подоцна.image
Народниот комесар за надворешни работи на СССР Молотов го потпишува Договорот за пријателство и граница помеѓу СССР и Германија. Јосиф Сталин може да се види во позадина.
Советските трупи кои навлегоа во Полска од исток на 17 септември ја забрзаа нејзината капитулација. Оваа инвазија го наруши и планот на Велика Британија и Франција, поради тоа што тие имаа обврска да ја заштитат Полска од напад од Германија. Како одговор на роденденските честитки на Хитлер и Рибентроп на 25 декември 1939 година, тогаш 60-годишниот Сталин напиша: „Пријателството на народите од Германија и Советскиот Сојуз, крвно поврзано, има причина да биде силно и трајно“.imageСе разбира, настаните во 2014 година не ги повторија сите финеси од 1939 година, поради тоа што светот значително се имаше променето оттогаш. Светот се промени, но не и политиките на Кремљ.Идентификувани се пет главни карактеристики на експанзионистичката политика на Кремљ и нејзината придружна пропаганда: 
  1. Поделба на земјата

Постоел предлог поднесен државната Дума на 18 март 2014 година, Украина да се подели помеѓу Русија, Полска, Унгарија и Романија. Како во фарса, предлогот беше копија на пактот Молотов-Рибентроп. 
  1. Необјавена војна

Русија не и објави војна на Украина во 2014. Во 1939, СССР исто така не и објави војна на Полска.
  1. “Непостоечка држава”

Во нотата врачена на полскиот амбасадор во Москва во 1939 година наведено е дека: “полската држава и нејзината влада практично престанаа да постојат”, па затоа “договорите склучени помеѓу СССР и Полска престанаа да важат”. Во 2014 Путин ги прогласи договорите помеѓу Русија и Украина за неважечки, поради тоа што државата со која што биле склучени тие договори престанала да постои како резултат на “државен удар”.image
  1. Заштита на братските нации

Исто како што Берлин ја оправда агресијата против Полска со цел да ги заштити Германците, Москва ја прогласи потребата да ги заштити своите “браќа по крв”: “Владата на Советскиот сојуз не може да остане слепа кон своите браќа Украинци и Белоруси кои живеат на територијата на Полска, кои се напуштени и беспомошни”.Сепак, како што соопшти германскиот амбасадор Шуленбург во неговата телеграма од 16 септември, Москва мораше да укаже на заканата со која се соочуваат Украинците и Белорусите од страна на Германците, бидејќи “досега Советскиот Сојуз никогаш не се грижеше за своите малцинства во Полска, па мораше да ја оправда својата интервенција во странство на еден или друг начин“.Слични оправдувања беа искористени кога Москва го окупираше Крим во 2014 година, оправдувајќи ја својата агресија со потребата да се заштити „населението кое говори руски“. 
  1. “Подмолен Запад”

Во исто време за „несреќната војна“ беа обвинети „неразумните лидери“ на Полска, како Велика Британија и Франција. Сталин тврдеше дека тие биле оние кои ја „нападнале Германија“ и ѝ објавиле војна откако Германија ја нападнала Полска.Молотов отиде еден чекор понатаму, бранејќи ја идеологијата на Хитлер:“Хитлеризмот, исто како и секој друг идеолошки систем, може да се признае или негира – тоа е прашање на политичко уверување. Сепак, на секому му е јасно дека идеологијата не може да се освои со сила и не може да се заврши со војна. Поради тоа не е само бесмислено, туку и криминално да се води војна како што е војната за „уништување на хитлеризмот“ под прикриеното знаме на борбата за демократија.Во исто време, Народниот комесар за надворешни работи на СССР се пофали со брзината со која германските и советските трупи заеднички се справиле со Полска:“Доволно беше да ја нападнеме Полска најпрво од германска страна, а потоа од Црвената армија за да го уништиме ова грдо дете на Версајскиот договор... Ниту англиските, ниту француските гаранции не можеа да ѝ помогнат на Полска. Всушност, сè уште не е јасно што првично претставуваа тие ‘гаранции’ (се смее).Ова потсетува на бројните обвинувања од руската пропаганда дека „Западот ја започна војната во Украина“, во комбинација со потсмев за наводната неподготвеност на Западот и неможноста да и помогне на Украина.Историјата исто така покажува дека, во зависност од околностите и личните интереси, Кремљ лесно може да ја сврти својата пропаганда во целосно обратна насока, и тешко може да се очекува да престане.Пример за тоа се обидите да се сокрие, осуди или оправда соработката на Сталин со Хитлер.Набрзо откако Полска била окупирана од Вермахтот (германската армија) во 1939 година, нејзините источни региони биле окупирани и анектирани од Црвената армија. Поделбата на Полска стана дел од тајниот дополнителен протокол кон Пактот Молотов-Рибентроп – Договорот за германско-советската граница и пријателство.imageМосква со години го негираше постоењето на договорот, нарекувајќи го лажен. Постоењето на договори за поделба на Источна Европа помеѓу двајцата диктатори целосно ја поткопа официјалната советска верзија за „мирољубивиот“ Сталин кој наводно се обидел да ја одложи војната.Дури во декември 1989 година, прво специјална комисија, а потоа и Конгресот на народните пратеници на СССР, го признаа и го осудија постоењето на протоколот. Во 2009 година, Владимир Путин, кој тогаш беше премиер на Русија, не само што потврди дека пактот е официјално осуден, туку и го опиша како „неморален“.Сепак, работите се променија брзо по окупацијата на Крим. Во ноември 2014 година, Путин веќе велеше дека нема ништо лошо во пактот, а Полска е таа која треба да сноси вина. Во 2019 година тогашниот министер за култура на Русија, Владимир Медински, го нарече пактот „триумф на советската дипломатија“.Во мај 2020 година, во државната Дума е воведен законот за поништување на документот кој го осудил Пактот Молотов-Рибентроп за време на СССР. Кремљ започнува нов циклус. Извор: euromaidanpress.com
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.