На 25 мај 2020 порталот Infomax.mk објави вест со наслов: Кина откри од каде и како настанал кopoнавируcот: Планетата е во состојба на шок.

Всушност се работи за кликбејт, со содржина за кинеските теории на заговор.

Насловот е  сензационален и “шокантен”,но од содржината на текстот не може да се изведе таквото “тврдење” од каде и како настанал коронавирусот , а уште помалку дека планетата е во состојба на шок .

Оригинален наслов: Кина откри од каде и како настанал кopoнавируcот: Планетата е во состојба на шок

Порталот  во текстот се повикува на Слободна Далмација, но во хрватскиот портал насловот на оваа вест гласи : Кина го возвраќа ударот, пласира своја теoрија на заговор за ширењето на пандемијата, Вирусот не пристигна во Америка од Вухан, туку е „произведен“ во Мериленд!

Имено, во првиот дел од  текстот се пишува за наводно дипломатските игри на Кина за време на пандемијата.На почетокот на пандемијата. Кина се спротивставува на глобална истрага за потеклото на коронавирусот и на таквата резолуција на СЗО за, на крајот, ситуацијата неочекувано да завземе помирувачки тон и Кина да изрази  подготвеност да поддржи глобална истрага за потеклото на вирусот, но дури по завршувањето на пандемијата. Понатаму се повикува на пишувањето на Си Ен Ен за тоа колку е можно да се спроведе објективна и непристрасна истрага без влијание врз истражниот тим од страна на Кина и за позицијата на Кина во однос на пандемијата, како резултат на глобалниот бес  поради молкот на Пекинг  за што говорел кинескиот претседател.

 

Речиси половина текст поминува, а не се спомнува за некаково наводно откритие, кое читателите логично е да го очекуваат според самиот наслов.

Вториот дел на текстот  продолжува со кинеските теории на заговор.

Според една од нив, американската епидемија на коронавирус потекнувала, од протекување во американската воена лабораторија Форт Детрик.

Не е точно дека вирусот потекнува од лабораторија во САД. Овие претпоставки биле објавени во магазинот „Киши“ на кинеската комунистичка партија, а авторот цитирал  делови од извештајот во кој се тврди дека коронавирусот не потекнува од градот Вухан, туку веројатно од лабораторија во Мериленд. Кинескиот магазинот “Киши”,  тврди дека американскиот институт за истражување на заразни болести се наоѓал во Форт Детрик до минатата година, а истиот е затворен во август 2019 година, откако наводно било откриено дека не ги исполнува регулативите за безбедност.

Но, New York Times, пишуваше дека објектот во Форт Детрик не е затворен, туку само го прекинува истражувањето, а портпаролката Caree Vander Linden во однос на ваквите тврдења има изјавено дека нема протекување на опасен материјал надвор од лабораторијата.

 

Друга варијација, на кинеска теорија на заговор за коронавирусот, за која се зборува во текстот, е дека американскиот воен персонал од Форт Детрик всушност го увезол коронавирусот во Вухан минатиот октомври, за време на Игрите на Светската војна. Но, за овие претпоставки не се нуди ниту еден доказ. Имено, Пентагон на овие игри испратил 17 екипи со повеќе од 280 атлети и други членови, пред да се појави било каква епидемија.

 

Коронавирусот, според сите евиденции, потекнува од Вухан, Кина. Научниците се уште го немаат идентификувано “пациентот нула“, или точниот извор на вирусот, иако прелеминарните студии го поврзуваат вирусот со лилјаците

Ваквите теории на заговор едноставно се обид за одвраќање на критиките за тоа како Кина се справила со појавата на вирусот.

Согласно горенаведеното науката не го подржува овој наратив на кинеските теории на заговор. Анализата на геномот на вирусот укажува на тоа дека појавата не е предизвикана од вирус од лабораторија и веројатно настанала од диви животни.

 

Иако насловот на текстот алудира на “шокантно”открите за тоа од каде и како настанал коронавирусот , текстот не е открива нешто што досега не е “слушнато”.

Имено овие теории на заговор од страна на Кина се веќе познати на јавноста. Суштината на текстот се сведува на “игрите и политиката” на Кина за состојбата со коронавирусот, за присутните кинески теории на заговор.

 

Со ваквото пренесување на “информациите”,  се доведуваат во заблуда читателите. Иако неосновани и непотврдени,  им се “дава сила” на  теориите на заговор.

Во овој момент  кога  медиумскиот простор е преплавен со секакви теории на заговор , да бидеме совесни и да не дозволиме лажните вести да влијаат на нас. .

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.