Анализа на Центарот за демократски студии за влијанието на Русија и Кина на Балканот по неуспехот на ЕУ да испрати јасен сигнал за иднината на регионотЦентарот за демократски студии од Софија веднаш по фијаското на Брисел со француската блокада за Северна Македонија и Албанија, објави истражување кое покажува како Русија веднаш се активира. Според нив, Кремљ веднаш почна офанзива, пред се преку своите олигарси на Балканот, за да го искористи вакуумот и да го прошири своето влијание на Балканските земји. Ова е првиот од трите дела од истражувањето.Одлуката на Европската Унија од октомври 2019 година да не ги започне преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија е само уште еден знак на предупредување дека ЕУ можеби не сака и/или не може да го вложи потребниот политички капитал во интегрирањето на Балканот во рамките на евроатлантската заедница. Оваа неочекувана одлука го поткопа кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ, како и оној на Берлинскиот процес инициран од Германија во 2014 година кој требаше да ја осигури европската иднина на земјите од Западен Балкан. Тоа дополнително ја ослабе гравитациската сила на ЕУ, создавајќи поголем политички вакуум во регионот кој авторитарните сили како Русија и Кина побрзаа да го искористат. Истите го користат уназадувањето на демократските процеси и широко распространетата корупција и „заробеност“ на државите за да го зголемат своето економско и политичко влијание во регионот, се вели во анализата на Центарот за демократски студии од Софија. Во анализата се дефинираат следниве точки како клучни во однос на стратешките цели на руската и кинеска дипломатија во регионот на југоисточна Европа дефинирани по неуспехот на Европскиот Совет да испрати јасна порака за иднината на овој регион. Клучни точки

  • Слабеењето на гравитациската сила на ЕУ остава политички вакуум во регионот кој авторитарните сили како Русија и Кина можат лесно да го пополнат. Тие го користат демократското уназадување и широко распространетата „заробеност“ на државите помеѓу нефункционалните институции за да го зголемат своето економско и политичко влијание.

  • Руското економско влијание забележа пад по санкциите на САД и ЕУ во 2014 година, но руските компании сè уште контролираат помеѓу 5 и 10% од регионалната економија, вклучувајќи и стратешки компании како што се најголемите рафинерии, мрежи за дистрибуција на гориво, капацитети за пренос и складирање на гас, телеком компании и малопродажни ланци.

  • Русија има „заробено“ влади од регионот во скапи масивни проекти кои мрежи на домашни и руски бизниси ги користат како извор на значително  влијание врз носителите на одлуки и институциите.

  • Кремљ го засили своето влијание и моќ во регионот употребувајќи ги сите тактички инструменти како што се поддржување на големите и малите политички партии, користење на медиумски, културни и верски врски, спонзорирање на активности на граѓанското општество и користење врски од поранешните безбедносни служби.

  • Земјите од Југоисточна Европа, со помош на ЕУ, треба да имплементираат различни стратегии за да се спротивстават на „заробувањето“ на државите во стратешки економски сектори и да привлечат разновидни странски директни инвестиции.

  • Органите за спречување на перење пари и заштита на конкуренцијата треба да работат на јасно утврдување на крајната стварна сопственост, спречувајќи влез на незаконски капитал во регионот, и да работат првенствено на ризиците од капиталот на авторитарните држави кои се во служба на политички цели, особено масивните инфраструктурни проекти.

 Локалните политички елити на Балканот брзо го прифатија предложениот алтернативен авторитарен модел промовиран од Русија и Кина, засладен со масивни необјасниви инфраструктурни и енергетски проекти. Тоа ги поткопа локалните демократски институции и дополнително го намали влијанието на условените преговори на ЕУ за членство. На пример, Србија не отстапува од своите стратешки врски со Русија и Кина, иако ЕУ започна преговори за членство со земјата во 2014 година. Во обид да се неутрализира неуспешноста на процесот на проширување на ЕУ да ја повлече Србија и другите земји од Западен Балкан и да го анулира демократското уназадување, САД го зголемија својот ангажман на Балканот. Во 2019, тие назначија двајца специјални претставници и инсистираа на проширување на НАТО.Влијанието на рускиот економски отисок врз Балканот е особено потценето од западните влади, поради што тие не го препознаваат вистинскиот степен на поврзаната остра моќ и на структурните ризици. Русија останува највлијателниот надворешен играч во својата способност да мобилизира домашни олигархиски мрежи за да добие стратешка предност или за да се обиде да го пренасочи правецот на надворешната политика на земјите во регионот.Одлуката на ЕУ да го блокира процесот на пристап на Западниот Балкан може делумно да се поврзе со успехот на силното руско мешање во носењето одлуки на националните влади во регионот. Во изминатата деценија, Кремљ вршеше безмилосен притисок врз владите на Балканот преку цел асортиман на тактички инструменти за постигнување остра моќ. Од економска зависност зацврстена со корупција и „заробување“ на државата, преку координирани политички и медиумски кампањи за дезинформирање, до операции на специјалните безбедносни служби.   Русија има за цел да ja искористи ваквата геополитички можност за повторно да разгори регионални поделби и да ја спречи ЕУ интеграцијата на регионот.  Кремљ на Балканот гледа како на важен сегмент од својата глобална стратегија да ги надмудри САД и ЕУ и да се позиционира како значаен политички авторитет. Оваа стратегија е видлива на Средниот Исток (Сирија и Турција), Централна Азија, Африка и сè повеќе во Јужна Америка.Утре ќе може да го прочитате продолжението на оваа анализа на F2N2, во соработка со novatv.mk   The Council of the European Union failed to endorse the recommendation of the European Commission to start negotiations with Albania and North Macedonia. France, backed by the Netherlands and Den­mark, have been the main opponents for starting the ne­gotiations. Shentov, O., Stefanov, R., Todorov, B. (Eds.). 2016. Shadow Power: Assessment of Corruption and Hidden Economy in Southeast Europe. Sofia: Southeast European Leadership for Development and Integrity/Center for the Study of Democracy. For example, in 2019 Serbia signed a free-trade agreement with Russia’s Eurasian Union, deepened military ties with Russia, and pressed on with the Russian strategic political project in the region, the Turkish Stream pipeline. In an attempt to further hurt reformist governments, following the EU decision not to invite the two countries to start negotiations Russia has also suggested that Albania and North Macedonia should instead join its Eurasian Economic Union. The U. S. has appointed Ambassador Matthew Palmer as Special Envoy for the Western Balkans, and Ambassador Richard Grenell as Serbia-Kosovo peace envoy. Montenegro became NATO’s 29th member in 2017, and North Macedonia is expected to become NATO’s 30th member by April 2020. Conley, H., Stefanov, R., Mina, J., and Vladimirov, M. 2016. The Kremlin Playbook: Understanding Russian Influence in Central and Eastern Europe. Rowman & Littlefield
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.