Во периодот 16-18 јануари, 2021 година, најмалку 9 веб-портали со 1.481.521 следбеници на Фејсбук ја објавија веста дека кинески здравствени експерти побарале од Норвешка и другите земји да ја прекинат вакцинацијата на постарите луѓе со вакцината „Фајзер“ поради смртта на 23 стари лица во Норвешка кои ја примиле првата доза.Текстот објавен во овие 9 веб-портали е преземен од кинескиот „Глобал Тајмс’, кој е дневен таблоид, под капата на Кинеската Комунистичка Партија и стилот и ставовите изнесени во текстовите објавени на овој портал се воглавно со Анти Западен сентимент и националистички елементи. Во конкретниот случај, со смртта на 23 лица во Норвешка недостасува податок кој би потврдил дека причината за смртта е вакцината Фајзер. По повеќе од еден месец, на 28 Февруари, 2021, овој портал излезе со уште една дезинформација известувајќи дека овој пат во Швајцарија 16 постари лица починале по администрирање на оваа вакцина.Во таа насока, спротивно на овој текст, агенцијата „Ројтерс“ објавува информација дека овој наратив е вирално споделен на Фејсбук и истиот е оценет од страна на независните проверувачи на факти како манипулација со јавноста. Ројтерс исто така објавува и информација од Норвешкиот институт за јавно здравје дека се испитани 13 од 23 пријавени смртни случаи и утврдено е дека вакцините не се причина за смртта. Гледајќи 6 месеци подоцна, важно е да се напомене дека токму кинеските вакцини се со многу понизок процент на успешност во имунизацијата, односно како што јавуваат медиумите од Кина, во текот на Август 2021, Фајзер Бионтек вакцината ќе биде регистрирана и ке достави 100 милиони дози и во Кина.Од денешна перспектива односно, Август 2021, АстраЗенека и Фајзер Бионтек се вакцините со најголем удел во имунизацијата на светско ниво, уредно регистрирани за употреба од водечките светски здравствени установи. Имено, АстраЗенека во моментов се дистрибуира во околу 180 држави во светот додека Фајзер е на второ место со дистрибуција во 111 држави.Од почетокот на годината регистрирани се голем број дезинформации кои имаа за цел да го оспорат квалитетот и безбедноста на вакцините од западните производители. Овој текст има за цел да даде кус осврт и да ја прикаже фактичката состојба шест месеци по интензивирањето на дезинформциите поврзани со вакцините.
Извор: New York Times - OurWoldInData
Целта на овој наратив без дополнителни анализи и информации поврзани со квалитетот, ефикасноста и составот на вакцините, е преку погрешно толкување на информациите да се предизвика недоверба во западните вакцини кај граѓаните, да им се помогне на антиваксерите да го промовираат својот наратив и на тој начин да се влијае на граѓаните да добијат негативна перцепцијата за западните вакцини и да се промовираат “источните вакцини”. Сепак, по скоро 4 милиони администрирани дози и период од шест месеци може да се заклучи дека вакцините кои доаѓаат од западните производители се со повисок степен на заштита и со далеку помасовна употреба.ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО