КОГА ЌЕ ПОЧНЕМЕ ДА ГОВОРИМЕ ЗА ПОТРЕБАТА?Целокупната дебата поврзана со планот објавен на 24.07.2019 од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел да ја спречи нагласената опасност од манипулацијата со информации, предизвика лавина од реакции. Како и секогаш, некои се со поддршка, а некои со критика.Уште на самиот почеток да се разбереме, јасно беше посочено, станува збор за предлог акциски план кој ќе биде изложен на сеопфатна дебата, во која што сите чинители ќе можат да дадат свои забелешки и предлози за негово подобрување.Во ниту еден момент не слушнавме дека од утре ќе се најде на владина седница и ќе биде усвоен.Чудно, ама многу медиуми, новинари, здруженија од фелата, веднаш и на прва реагираа токму како тој план да е веќе усвоен и да е започнато со негова реализација. И не мора да биде чудно ако се земе предвид цел оној период 2006-2017 кога Владата не отвораше дебата, туку објавуваше план за акција и од следниот ден го спроведуваше.Зошто не може да се говори за тоа дали има потреба од некаков план за борба против дезинформациите, дали дезинформациите (како глобален проблем) се добри или лоши за општеството, кои од овие мерки се преземени и спроведени во други држави и како?Значи, постојат низа на прашања кои може смирено, со вклученост и без сензационализам, да се дебатираат.Како се однесуваат оние кои треба да ги промовираат вредностите? Токму спротивно на ова последново, некои реагираа без воопшто да го прочитаат текстот, некои веднаш почнаа да држат часови / лекции, трети пак почнаа да се подготвуваат да гледаат “сеир“ кога ќе дојде денот “да се цензурира и да се затвораат портали“.Еве неколку почетни прашања за размислување:
Дали оваа закана е актуелна за Република Северна Македонија?
Дали има потреба од институционален одговор и план за борба со оваа глобална закана?
Дали медиумите се дел од решението или проблемот?
За кого е добра, а за кого е лоша ефикасната борба против дезинформациите?
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО