Оригинален наслов: Гротескна Парада на Кич, Неморал и Дегенерирани Мивки, Наменета за Затупување на Масите – Ливрински Блог!
Во овој текст се пренесуваат коментари и ставови на една личност, админ на портал, против луѓето со црна боја на кожата, со друга сексуална ориентација и други различности.
Се употребуваат разни погрдни зборови кои што укажуваат на омразата кон „другите“ како Мивки, човечкото ѓубре, швеѓани кои поцрнеа, „ Вавилонска Курва“,гнасотија, до пладне се осеќат како мажи, после пладне како жени и друго.
Текстот којшто е објавен на овој медиум е крајно расистички, шовинистички и сексистички настроен, и не соодвествува со моделот на државата која што се трудат да ја градат граѓаните и властите во Северна Македонија.
Медиумите најмалку треба да предизвикуваат нетрпеливост, па затоа, овој текст е модел за тоа како не треба да постапуваат медиумите.
Овој текст потикнува високо ниво на омраза и нетрпеливост кон различностите, и доколку не се осуди строго, во вака кревко општество, би предизвикало и немили настани.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО