ОПИС

Оригинален наслов: Кој ја создава тензијата во Дебар?

Текстовите што ги анализираме укажуваат на тоа дека присуството на полицијата во Дебар за време на предвремените локални избори од 21-ви април е доказ дека власта ги притиска гласачите на Дебар да изберат една од двете опции, Владата или опозицијата. Покрај тензиите во Дебар, се наведува дека постојат тензии  и во Чаир и Сарај.

Оригинална статија

Архивирана статија

Други портали кои го објавија текстот: република.мк

ФАКТ/И

Авторот се обидел да претстави ситуација, слична на воена состојба, тврдејќи дека во Дебар има оклопни полициски возила, и дека на социјалните мрежи се пишуваат статуси за наводно тензични ситуации на некои гласачки места во Скопје. Посочените статуси на Фејсбук и Твитер не може да се земат како кредибилен извор бидејќи таму може секој да пишува се’и сешто.

Вистина е дека полицијата секогаш врши проценки на нивото на ризик во изборните процеси, за посебни избирачки места, кои во минатото се докажале дека се подложни на висок ризик. Затоа се испраќаат дополнителни полициски сили за да го одржат редот и мирот, а не со цел да ги исплашат граѓаните.

Полициските сили обично не се позиционирани на места видливи за граѓаните, за да не влеваат страв. Но, ако нивното присуство е видливо за медиуми или граѓаните, тоа не значи дека нивната улога е да заплашуваат, туку напротив да го одржуваат јавниот ред и мир.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.