Двајцата руски комичари Владимир Кузнецов - Вован и Алексеј Столаров – Лексус во серијата телефонски измами на неколку светски политичари го измамиле и косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Во април годинава, Вован и Лексус му се јавуваат на Харадинај во име на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко. Лажниот Порошенко му нуди на Харадинај признавање на Косово од страна на Украина, а за возврат бара јавна поддршка од косовскиот премиер за нивниот измислен кандидат за премиер во украинските избори, Вован Лексусов.Харадинај наседна на нивната измама и на социјалната мрежа Твитер следуваше јавна бламажа.image„Пранкстерите на Кремљ„Еден од првите што насети дека Харадинај е најновата жртва на руските пранкстери беше новинарот на The Guardian, Shaun Walker. Тој објави на Твитер дека Харадинај најверојатно е жртва на пранкстери на Кремљ.imageНабрзо по објавувањето, твитот на Харадинај стана вирален, за да биде избришан веднаш потоа кога косовските власти сфатиле дека се работи за измама.Разговорот објавен од Russia 24За разлика од другите разговори на руските пранкстери со светски политичари, разговорот со Харадинај не може да се најде на нивниот Јутјуб канал. Меѓутоа делови од разговорот пред неколку дена беа објавени од руската телевизија Russia 24. „Се надевам дека сè ќе биде добро за Вас и јас сум среќен што можам да ви посакам успех за во неделата. Ова е многу важно за државата, ќе се молам за вас на сите избори“, му вели Харадинај на рускиот пранкстер мислејќи дека разговара со Порошенко.„Да, и мислам дека по победата, јас ќе го признаам Косово како независна држава“, му одговара наводниот Порошенко, кој исто така од косовскиот премиер бара јавна поддршка од Харадинај за неговиот „кандидат„. Веројатно веднаш по овој разговор следувал и несмасниот твит на Рамуш Харадинај.Политичката позадинаХарадинај од септември 2017 година е премиер на Косово, а претходно имаше доста проблеми со Судот во Хаг поради неговото минато како припадник на косовската ОВК. Како премиер стана доста контроверзен за меѓународниот фактор поради царинската такста од 100% поставена за српските продукти кои влегуваат во Косово. Интересно е што од периодот кога беше најавена косовската такса, до телефонската „шега“ на руските пранкстери, се случуваат две средби меѓу српскиот и рускиот претседател, Александар Вучич и Владимир Путин, една во Москва а другата во Белград.Косово секако беше една од темите за кои се разговарало на овие средби, а за време на посетата во Белград Путин и јавно го критикуваше Косово за „провокации“, поради косовската одлука за формирање армија.Српско-руски наративи за Голема АлбанијаРуските власти во последните неколку години многу често, од никаде ја фрлаат тезата за некаква „Голема Албанија“ која што според нив се спрема со помош на западот. Тие изјави од руската дипломатија доаѓаат од 2017та година па наваму. Исто така, на 18 Април годинава, два дена пред разговорот на руските пранкстери со Харадинај, Министерството за надворешни работи на Русија преку соопштение го критикува западот дека „затвара очи пред конкретните чекори за Голема Албанија на Балканот“. Ден подоцна соопштението на руското МНР беше објавено во српските медиуми со наслов „Интензивно се формира Голема Албанија! Москва предупредува“.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.