Авторот тврди дека само Кина и помогнала на Италија која што е најпогодена од вирусот во моментот, а пак ЕУ се само неми посматрачи. Тој наведува дека Северна Македонија нема да може да добие датум за почеток на преговори за членство, а и нема да може да влезе во НАТО, иако двата процеса веќе се завршени и тоа на 26.03.2020 и 27.03.2020.
Во политиката и пропагандата се е можно. Гледањето на кафе и хороскоп со кои се кројат различни политики и се развиваат теории се одлика на едно друго, не така дамнешно време.
Таков пример може да се сретне на порталот horoskop-krajnicki.mk во кој што авторот пишува информативни текстови кои што наликуваат на колумна, каде што често објавува свои коментари и гледишта за ‘’распадот’’ на Европската Унија и САД, и во исто време за “издигнување” на Кина и Русија како супер сили. Илија Крајнички е „Баба Ванѓа“ од Северна Македонија, само што себеси се нарекува професионален политички астролог, по професија, а не како дарба од Господ, како што тврдат повеќето гатачи дека ја имаат.
Крајнички во неговите текстови се повикува на неверодостојни извори од Русија преку кои „ги потврдува“ неговите предвидувања за наводно исчезнување на САД, а како причина за тоа наведува дека коронавирусот е спремен во лабораторија во САД и пуштен во Кина за да ја уништи нејзината економија. Тој заклучува дека Кина ќе се воздигне и ќе ги уништи САД.
Според политичкиот астролог Крајнички, и НАТО и ЕУ ќе исчезнат. Овој астролог го користи истиот пропагандистички наратив за кој што веќе известувавме, а е позитивен за Кина а негативен за ЕУ.
Авторот тврди дека само Кина и помогнала на Италија која што е најпогодена од вирусот во моментот, а пак ЕУ се само неми посматрачи. Тој наведува дека Северна Македонија нема да може да добие датум за почеток на преговори за членство, а и нема да може да влезе во НАТО, иако двата процеса веќе се завршени и тоа на 26.03.2020 и 27.03.2020.
Авторот без никакви докази пишува дека САД и земји членки на ЕУ ја саботираат Кина и Италија во борбата со вирусот, при што манипулира со заплена на пратка од 100,000 маски кои биле по грешка запленети во Чешка, кои биле наменети за Италија без притоа да објави и дека истите веќе следниот ден се испратени за Италија.
Ова претставува само еден текст во низата текстови со анти-ЕУ и анти-НАТО наратив.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО