Порталите Infomax.mk и Еxpres.mk на 12.12.2020 објавиja текст со наслов: Полковникот Koвачки открива cкaндал во “oдбpaна” на Шеќеринска. Во текстот се пренесува статус објавен на Фејсбук и Твитер од Драган Ковачки. Во својот статус Ковачки го рециклира прашањето за машините Грејдер кои Министерството за одбрана ги има набавено за потребите на АРМ во 2019 година. Неговиот статус е претставен како откривање на скандал.imageОд само нему позната причина Ковачки ја рециклира оваа вест, која во јавноста ја пласираше неговиот сопартиец Александар Николовски на гостување во емисијата Топ Тема (01:05:00) на 19 февруари 2020 година. Следниот ден, на 20 февруари 2020, ВМРО-ДПМНЕ одржа и прес-конференција на која што ја обвинуваа министерката Шекеринска, а по прес-конференцијата медиумите беа преплавени со наслови за проневера на 250.000 евра од страна на Шекеринска. Тврдењето за проневера, како Николовски, така и Ковачки, го темелат врз разликата во продажната цена на истата машина набавена за потребите на АРМ и за потребите на српска институција.Разликата во продажната цена е поради различните спецификации кои ги имаат машините набавени од страна на АРМ и српската институција. На 21 февруари 2020 директорот на српската компанија “Корковадо” од каде што се набавени машините, Дејан Станојковиќ,  излезе со реакција во која што детално ја објаснува разликата на машините. Во својата реакција, помеѓу другото, Стојановиќ го истакнува следното:“Секој кој и малку се разбира во техника ќе ги разбере овие наводи и ќе сфати дека машините воопшто не се исти. Напротив постои огромна разлика, но за незнајковците и злобните луѓе тоа не значи ништо. Купувачот поради ограничени средства купил многу поедноставна машина. Морам да напоменам дека кај вас имаше јавна набавка на која можеа да се јават сите продавачи на грејдери. Исто така, имаше и е-аукција на која учествуваа три фирми. Зошто не ги намалиле цените, ако моите грејдери се скапи. Напоменувам дека другите имаа многу повисоки цени и дека цената по која ги купивте грејдерите е исклучително добра, бидејќи доколку мојата компанија не беше на тој тендер, истите машини ќе ги платевте многу поскапо“.И покрај демантот од страна на компанијата “Корковадо”, како и фактот дека цената на машините била реална и дека при постапката за јавна набавка биле почитувани сите законски одредби, тој не беше објавен од скоро сите медиуми кои бомбастично го најавија “скандалот“.Според тоа станува збор за уште една техника на дезинформирање преку рециклирање на стари дезинформации, кои овој пат имаат за цел да го нарушат угледат на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.