Наша цел е да ја изнесеме вистината на виделина и на читателската публика да и ги презентираме точните факти, поточно што значи Европската Унија и САД за Северна Македонија, колку и на кој начин досега помогнале на државата во нејзините тешки времиња. Колку и да се извртуваат работите, факт е дека ЕУ се најдобри стратешки партнери на земјава, а тоа го докажува и помошта која редовно ја добиваме.
Повеќе од десет години во Република Северна Македонија се води анти ЕУ кампања. На одредени портали, блогови и фан страни, за кои можеме слободно да тврдиме дека се креирани специјално со таа намена, можат да се најдат голем број пропагандистички текстови, кои ја оспоруваат децениската помош што ја добива земјава од Европската унија.
Јавниот и медиумскиот простор со години се контаминира со неточни вести и дезинформации, така што редовно се шири пропаганда, кое е најсилното оружје на одредени медиуми во „борбата“ против Европската унија, со оглед на тоа што кај нас дел од читателската публика строго верува во тоа што и се сервира.Тука се разните текстови кои ја поткопуваат работата на ЕУ, кои шират евроскептицизам, а истовремено се и доста опасни со оглед на „емотивниот патриотски“ став кој се зајакнува со години, посебно во времето кога премиер беше Никола Груевски. Целта на ваквите текстови кои ја шират таа анти-западна кампања е да се наметне на општеството дека Северна Македонија нема никаква корист од Европската Унија, но затоа пак, тука се Кина и Русија кои нели сакаат да ни помогнат.
Во последните неколку години руското влијание почна да зазема се поголеми размери. Па така не беше поштедена, туку напротив беше злоупотребена целата битка на европските земји зафатени од пандемијата со опасниот Ковид 19. Руски и проруски медиуми започнаа кампања против Западот за да влијаат на ситуацијата со коронавирусот, односно да создадат паника и да сеат недоверба, се наведува во извештајот на Европската Унија, пишува Ројтерс, повикувајќи се на увид во документот. Објавувајќи лажни вести на англиски, шпански, италијански, германски и француски јазик, руската кампања користи контрадикторни, збунувачки и злонамерни извештаи за да и отежни на ЕУ во справувањето со пандемијата. Веќе неколку години со лажни вести и дезинформации, Москва сака системски да влијае не само во САД, туку и во Европа. За читателската публика понекогаш е многу тешко да ги идентификува лажните статии и постови на социјалните мрежи како „фејк њуз“.
Наша цел е да ја изнесеме вистината на виделина и на читателската публика да и ги презентираме точните факти, поточно што значи Европската Унија и САД за Северна Македонија, колку и на кој начин досега помогнале на државата во нејзините тешки времиња. Колку и да се извртуваат работите, факт е дека ЕУ се најдобри стратешки партнери на земјава, а тоа го докажува и помошта која редовно ја добиваме.
Но, да почнеме од почеток. Без разлика на разните лажни вести кои се пласираат во јавноста, реалната слика покажува нешто друго.
Имено, преку своите два механизми за институционална поддршка ИПА 1 и ИПА 2 во периодот од 2007 до 2020 година, Европската Унија само за Република Северна Македонија има инвестирано 1.200.000.000 евра (една милијарда двестотини милиони евра).
ЕУ мобилизира пакет од над 410 милиони евра во распределена билатерална финансиска помош, со кој се поддржуваат земјите од Западен Балкан за време на кризата со коронавирус.
Уште поголеми се бројките од 3,3 милијарди евра со кои Европската комисија ќе ги подржи земјите од Западен Балкан за справување со корона кризата., согласно Декларацијата од Самитот во Загреб на 6-ти мај годинава.
Со овој финансиски пакет, ЕУ уште еднаш ја потврдува својата силна солидарност за земјите од Западен Балкан.За Северна Македонија, се издвоени 160 милиони евра.
Исто така, за периодот 2012-2027 година Европската Комисија предлага вкупниот износ на претпристапниот инструмент да изнесува 14,5 милијарди евра, од кој најголем дел ќе биде за земјите од Западен Балкан.
Најавената помош од Амбасадата на Австрија во Република Северна Македонија ,преку механизмот за Цивилна заштита на ЕУ веќе пристигна , и истата се состои од шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена.
Европската Унија не ја остави Северна Македонија и во борбата со корона вирусот, па тие беа првите кои донираа 12 респиратори за потребите на јавното здравство, во моментот кога земјава има најмногу потреба од апаратите за дишење. Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар на својот твитер профил истакна дека ова е првиот пакет од поддршката од 4 милиони евра што Брисел ја најави пред неколку недели, а ќе биде доставена на скопските клиники и Градската болница „8 септември“. Се очекува покрај овие 12 да стигнат уште осум респиратори во наредниот период.
Доволно е да се погледнат голем број проекти, како на пример автопатот Демир Капија-Смоквица кој, исто така беше финансиски поддржан од ЕУ.. Новата делница од 28,2 километри го скрати за 25 минути патувањето на тој потег од автопатот „Пријателство“. Преку неа се очекува годишно да поминат 730.000 возила, а побрзото и побезбедно патување треба да придонесе за развој на економијата и поголема соработка на регионот и негова интеграција со европскиот пазар. Со отворањето на новиот автопат пред две години, во април беше означен почетокот на кампањата „ЕУ за тебе“ за инвестиции на ЕУ во транспортната инфраструктура. Вредноста на автопатот изнесува 218 милиони евра во делот на изградбата и 10 милиони евра за надзор, а од вкупните средства, околу 70 милиони евра се грант од ЕУ.
За да се потсетиме колку Европската Унија помогна за овој проект, само погледнете ја фотографијата во која се споделени сите детали и огромните бројки, поточно износи.
Како што се повеќе навлегуваме во делот што нашите добри пријатели и партнери од ЕУ помогнале на Северна Македонија, доаѓаме и до делот – земјоделство. Тука станува збор за многубројни проекти, но да почнеме по ред.
Делегацијата на ЕУ во март наполни 20 години во земјава и тоа е само уште една специјална можност да се потсетиме на она што „ЕУ за ТЕБЕ“ го има постигнато досега, но и да потврдиме дека и понатаму „ЕУ за ТЕБЕ“ е заедно со Северна Македонија на патот кон Европската Унија.
За земјоделството и руралниот развој, околу 950 проекти добиле финансиска поддршка од фондовите на ЕУ. Во периодот од 2014 до 2020 година се одделени уште 60 милиони евра на располагање како дел од ИПАРД 2 програмата. Со повеќе од 4 милиони евра од ИПАРД програмата потикнати се приватни инвестиции од 13 милиони евра во 40 агро-преработувачки компании. Тука се и повеќе од 7 милиони евра со кои се потикнати 18 милиони евра инвестиции за модернизација на повеќе од 1.200 фарми. Фондовите на ЕУ помогнаа и во реконструкција на 26 хектари лозја и овоштарници и 4 оранжерии. Набавени се 587 трактори и 393 машини за собирање на земјоделски култури. ЕУ и понатаму останува најголемиот донатор во Северна Македонија.
Во целата европска приказна не е и исклучена и македонската полиција која на крајот на 2017 години доби квалитетна опрема со која ги зголеми своите капацитети, а со тоа и безбедноста на границите. Тоа беше донација од Европската Унија за МВР, на граничниот премин Богородица.
Донацијата вредна 3.742.000 евра се состоеше во осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено и со радар, 100 рачни радио терминали и програмски алатки за утврдување параметар на радио терминали, 250 рачни СТОП ПОЛИЦИЈА палици со лед светла, четири детектори за срцево отчукување, четири рачни скрининг системи за карго товар и проверка на возила, шест системи за проверка на валидност на документи – ВИСПЕК, комуникациска мрежа, како и локално распоредлив координативен комуникациски центар, мобилен систем за надгледување со ЕО-ИР камери и радар.
Ова е само дел од помошта што земјава ја доби од европските фондови, но ќе ни требаат уште многу страници да пополниме за да ги наброиме и сите други донации што пристигнале во Северна Македонија. Од тука, многу лесно можеме да заклучиме кои и се најдобрите стратешки партнери на државата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО