БЕРЛИН (Ројтерс) - Германија најверојатно ќе мора да се придржува до мерките за ублажување на пандемијата и во јануари, смета канцеларката Ангела Меркел.„Со оглед на бројот на случаи, претпоставуваме дека мерките кои беа воведени пред Божиќ, ќе продолжат да важат и на почетокот на јануари во поголемиот дел од Германија. „За жал, не можеме да ветиме дека ќе има олеснување на мерките за Божиќ и Нова година“, изјавила Меркел пред парламентот.Канцеларката и лидерите на 16-те покраински влади се согласиле да го продолжат делумниот карантин до крајот на годината, но Меркел предупредила дека постои голема веројатност рестриктивните мерки да останат на сила и следната година. Според неа, растот на бројот на заразени сè уште е преголем, а и бројот на смртни случаи е причина за силна загриженост. Таа најавила и дека вакцините би можеле да стигнат пред Божиќ. Извор: Reuters
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО