Одлуката на Владата да побара помош за справување со COVID-19 е секако позитивна работа, и доаѓа во моментот кога нашата земја станува полноправна членка на НАТО сојузот, без разлика на обидите од одредени медиуми овој факт да го прикажат во негативен контекст.

Порталот Republika.mk доцна попладнето на 30.03.2020, во 19:11 часот, објави краток текст за помошта која Албанија ја бара од НАТО, прашувајќи дали и нашата Влада ќе го стори истото?

Во меѓувреме, во 19:28 часот, Владата на својата веб страница ги објави заклучоците од 31вата седница одржана тој ден (30.03.2020), а меѓу нив е и заклучокот кој гласи:
Владата денеска заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC), и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.“

И до тука, секој би заклучил дека Владата на РСМ следејќи го јавниот дискурс, односно дебатата во медиумите,  донела одлука во интерес на граѓаните, па решила да побара помош од НАТО како нејзина членка. Но, ако подобро го анализираме времето на објавување најпрво на текстот на порталот Република (19:11), а потоа и на известувањето на веб-страната на Владата (19:28) ќе видиме дека помеѓу двете објави поминале 17 минути. Единствениот заклучок е дека пред времето на објава на порталот Република, одлуката веќе била донесена.

Интересен е фактот што  само 20 минути по објавата на Владата, во 19:48 часот, на порталот Република осамна нов текст со наслов: “Не чекавме ни еден ден: Владата побара помош од НАТО поради короната”.

Со тоа нели, порталот Република во период од 37 минути на читателите им нуди 2 контрадикторни текста на иста тема.

Вториот текст има за задача новинарски кажано да го покрие првиот, кој слободно може да се карактеризира како обид за дискредитација на владата и да предизвика недоверба помеѓу граѓаните во начинот на кој институциите се справуваат со здравствената и економската криза.

Уште еден интересен податок за читателите е и тоа дека првиот ден на членство на Република Северна Македонија во НАТО е 27.03.2020 односно денот кога Владата преку Амбасадата на САД во Скопје ја поднесе ратификацијата на Северно-Атлантската повелба во Вашингтон.

Порталот Република, оваа мини авантура ја изведува во период од 37 минути и притоа успева двата текста да ги сподели на неколку големи фејсбук групи, кои официјално се анонимни, а инаку редовно користени од страна на овој портал за дистрибуција на содржини. Имено, првиот текст е споделен на вкупно 5 фејсбук групи со голем максимален број на потенцијални следбеници од 549.609 додека вториот текст е споделен на 4 групи со максимален број од 417.921  следбеници.

Одлуката на Владата да побара помош за справување со COVID-19 е секако позитивна работа, и доаѓа во моментот кога нашата земја станува полноправна членка на НАТО сојузот, без разлика на обидите од одредени медиуми овој факт да го прикажат во негативен контекст.

НАТО Алијансата во овие моменти ќе биде од исклучителна помош за сите свои земји членки, па и пошироко.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.