Само неколку дена пред парламентарните избори, на 11 јули во 18:55 порталот „Република“ објави вест со наслов „СДСМ е во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај“.

Во првичната верзија на текстот, од редакцијата на Република заборавиле да ги избришат насоките од нарачката за текстот чија јасна цел е нарушување на угледот на политичка партија.

После само неколку минути, грешката беше забележана и поправена од медиумот.

Ваквата вест, за бришењето на видеото, беше објавена од уште 4 портали: netpress.com.mkkurir.mklider.com.mktheworldnews.net. Повеќето од нив, исто така во Унгарска сопственост.

Вкупниот број на Facebook интеракции е 279, од нив – 87 се споделувања на веста.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.