ОПИС

Оригинален наслов:  УРЕДНИК НА INFOMAX ПРИВЕДЕН: ПОДНЕСЕНИ ДВЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

На 24.07.2019 порталот 365  пренесувајќи текст на  Infomax, објави сензационален наслов, дезинформирајќи дека  е приведен уредникот на Инфомакс. Текстот на Инфомакс беше пренесен и на порталот Лидер, но без дезинформативниот наслов. Имено, во насловот на Infomax јасно е наведено дека станува збор за информативен разговор, а не за приведување.

Линк до објавата 365

Архива на објави InfomaxЛидер

ФАКТ/И

Насловот на оваа вест е шпекулација. Уредникот на Инфомакс не е приведен. Тој е повикан на информативен разговор и уште поважно повикан е на разговор а не е приведен како што имплицира насловот. Второ, порталот преку насловот наведува и говори во сегашно време, додека вистинската приказна е нешто што се случило пред неколку месеци.

Полициските службеници и новинарите имаат иста цел, заштита на јавниот интерес. Новинарите мора да ги почитуваат законските прописи кога истражуваат и известуваат. Тие не треба да ја наведуваат јавноста на погрешни заклучоци, за кои немаат докази.

Сензационализмот  е штетен и за новинарската работа, но и за работата на полицијата. Од тие причини, секоја истражувачка сторија мора да биде изработена внимателно, согласно професионалните новинарски стандарди и принципи, како и да биде поткрепена со цврсти докази.

Полициските службеници  треба да го почитуваат протоколот за постапување со новинари, кога тие ја извршуваат својата задача.

Безбедноста на новинарите е клучна за постоењето на силни, независни и професионални медиуми. Таа е важна, еднакво како и професионалното новинарско работење, согласно стандардите и принципите за професионално известување.

Затоа, ваквите и слични текстови и наслови, имаат една единствена цел а тоа е погрешно да ја наведат јавноста, дека новинарите се апсат и приведуваат, нешто што е карактеристично за едни други времиња.

Јавноста не смее да биде наведувана на погрешни заклучоци посебно преку одредени информации од пред повеќе месеци кои се ставаат во употреба сега со цел да предизвикаат поделба и гнев кај читателите.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.