Наместо да го поправат хаосот што го создадоа, претседателот Ши Јинпинг одлучи дека би било добра идеја да се обвинат другите за коронавирусот, креирајки ја илузијата за контрола на владата и стабилноста, без да се има во предвид зачувувањето на човечкиот живот.

Како студент, после испитите ќе седнев во универзитетската кафетерија, моите пријатели и јас ќе нарачавме кафе и возбудено ја чекавме мини-хартијата што ќе дојдеше со кафето. Над секоја тацна со кафе, ќе добиевме извиткана хартија со поговорка, понекогаш тоа би била арапска поговорка, понекогаш тоа би била грчка поговорка, но најмногу добивавме кинеска поговорка (којзнае, можеби биле направени во Кина? ) Сега, размислувајќи за тоа колку се познати Кинезите за нивната вечна мудрост, решив да споделам една поговорка со читателите.

„Ако малите дупки не се поправат, тогаш големите дупки ќе донесат тешкотии“.

– Кинеска Поговорка

Оваа поговорка ни кажува дека ако проблемот не се реши навреме, тој ќе стане сериозен и комплициран. Проблемот е во тоа што кинеските власти не ги следат своите зборови. Малата дупка што не ја поправија навреме, не слушајки ги лекарите како што беше офталмологот Ли Венлианг, кој навремено ја предупреди владата за КОВИД – 19. Големите дупки што донесоа тешкотија е пандемијата и илјадници смртни случаи на дневна база.

Наместо да го поправат хаосот што го создадоа, претседателот Ши Јинпинг одлучи дека би било добра идеја да се обвинат другите за коронавирусот, креирајки ја илузијата за контрола на владата и стабилноста, без да се има во предвид зачувувањето на човечкиот живот. Навидум координирани напори се насочени, од создавање минимален сомнеж, за потеклото на вирусот, па се до одење во крајност, кон директно обвинување на американската војска за создавање и ширење на патогенот, сетоа ова дојде од кинеските медицински лидери, амбасадори и портпароли на Министерството за надворешни работи – и да не се споменат стотиците илјади коментари на кинеските социјални медиуми што ги повторуваат истите теории на заговор[1].

Првите знаци на скептицизмот за потеклото на вирусот потекнуваа од лицето кое веќе бил во борба против епидемија, славниот доктор Жонг Наншан, кој беше инструментален во справувањето со кризата САРС во 2003 година,  тој се појавува во бројни телевизиски интервјуа за време на првите знаци на КОВИД- 19. На прес-конференцијата на 27 февруари, Наншан изјави дека вирусот „можеби и не потекнува од Кина“.

 

Набргу после тоа, бројни кинески политичари започнаа координирана кампања за ширење на таа идеја, првин со неколку твитови а потоа со изговарање на скоро идентични изјави кои го доведоа во прашање потеклото на вирусот. На 8 март кинескиот амбасадор во Јужна Африка објави дека „иако епидемијата започна во Кина, не мора да значи дека вирусот потекнува од Кина, а камоли да е направен во Кина“.

Неколку дена подоцна, пристигнаа низа на објавувања на Твитер од страна на Жао Лијиан, тој е портпарол на Министерството за надворешни работи, кој добро ја искористи платформата на Твитер, која патем е блокирана во Кина, за да изврши притисок врз новите агресивни и хакиски дипломатски стратегии. Најверојатно има за цел да го одвлече вниманието од сопствените погрешни чекори во раните недели на епидемијата со сеење збунетост или, барем, несигурност дома и во странство[2]. Секретарот за печат на Министерството за одбрана на САД, Алиса Фарах, одговори на твитот на Лијиан велејќи: „Како глобална криза, КОВИД-19 [треба] да биде област на соработка меѓу народите. Наместо тоа, Комунистичката партија на Кина избра да објавува лажни и апсурдни теории на заговор за потеклото на COVID-19 кои ги обвинуваат членовите на САД.# ChinaPropaganda. “

Државни секретаријат на САД веднаш го покани кинескиот амбасадор во Вашингтон во знак на протест за гласнините кои ги шират во Кина, а се тотално неосновани. Помошникот на државниот секретар за Бирото за источни азиски и пацифички работи, Дејвид Стилвел, изрази „строга застапеност против гласнините“ на американската позиција кон амбасадорот Куи Тијанки, кој беше „многу одбрамбен“, рече подоцна Државниот секретаријат на САД.

Но, теориите на заговор за појавата на вирусот не се ограничени на кинеските власти.

Минатиот месец, сенаторот на САД, Том Котон, изјави на „Фокс њуз“ дека, затоа што Вухан е дом на една од водечките лаборатории за био – сигурност на високо ниво во Кина, „мора да стигнеме до дното“ дали вирусот излегол од тој објект. (Републиканецот во Арканзас подоцна ги квалификуваше своите коментари, велејќи дека теоријата за био – оружје е само едно меѓу неколку можни објаснувања).

Трамп е помалку критичен кон гласините. Истиот ден официјални претставници на Државниот секретаријат на САД и Пентагон реагираа силно против кинеските коментари, Трумп го пофали споделувањето на информации во Пекинг со САД и рече дека гласините не се поврзани со неговите разговори со претседателот Ши Јиннпинг. Сепак, тој подоцна на прес-конференцијата во Белата куќа рече: „Тие (Кинезите) знаат од каде потекнува. Сите знаеме од каде потекнува “.

Реалноста е дека претседателот Ши Јинпинг постапи предоцна, а сепак кинеската влада реши да го преобличи наративот со навидум “рана“ победа во битката против пандемијата.

Во меѓувреме, Кина привремено ќе ја затвори границата за повеќето странски патници, оваа мерка стана ефективна во 12:01 часот, во сабота – 28 март, целта е да се спречи ново појавување на коронавирусот во земјата. Ограничувањето се однесува на странци кои имаат визи или дозволи за престој, како и за оние кои поседуваат картички за деловни патувања. Кина сака да го убеди светот дека работите се враќаат во нормала во рамките на нејзините граници. Но, пораката дека сè е добро е поткрепено со заострувањето на затворањето во Пекинг, каде улиците остануваат празни и многу канцеларии и фабрики бараат да нема повеќе од 30 проценти од своите вработени физички на работа. За кинеските власти, заштитата на партискиот интерес е највисок приоритет, па дури и од борбата против вирусот. Смртните случаи во Пекинг се чини дека се поважни од смртните случаи во другите региони, при што се добива јасна слика што владеачката партија навистина мисли и верува за вирусот[3].

Некои извори истакнаа дека кинеската Национална здравствена комисија прикрива асимптоматски случаи и внесила случаите во две одделни категории во третото издание на своите „Упатства за контрола на КОВИД-19“ објавено на крајот на јануари. Всушност, работната дефиниција за „потврден вирус“ што ја користат кинеските здравствени власти се менуваше неколку пати од јануари[4].

Колку асимптоматски случаи има? Официјалните бројки на Кина оставаат големо неодговорено прашање: Колку асимптоматски случаи на потврден вирус има, и дали земјата ги бележи правилно? Асимптоматските пациенти не се вклучени во извештајот на случаи, а кинеската влада тврди дека тие се само 1,5 проценти од вкупните инфицирани. Но, бројките од Јапонија и Јужна Кореја сугерираат дека реалната бројка може да биде поблизу од 10 до 20 проценти, а податоците добиени од медиумскиот канал Caixin сугерираат дека кинеските провинции всушност ги имаат реалните бројки.

Откако здравствените власти ги одзедоа асимптоматските случаи од службената бројка, бројот на потврдени случаи достигна врв на околу 4.000 на 4 Февруари, а полека се намали на околу 2.000 на 11 Февруари. Потоа, имаше пораст од 600 проценти, бидејќи 15.115 потврдени случаи се појавија на 12 февруари по големите промени во раководството во покраината Хубеи и градот Вухан. Според новото раководство, дефиницијата за „потврден вирус“ беше променета по основа на лабораториско тестирање во клинички дијагностицирани.

Во реалноста, имало само 1.820 потврдени лабораториски случаи, а останатите 13.332 од новите случаи биле клинички потврдени. После 12 февруари, оската на потврдени случаи се намали, бидејќи дефиницијата за „потврден вирус“ беше вратена на лабораториско истражување. Хубеи, централната кинеска провинција каде се појави пандемијата на крајот на 2019 година, пријави 51 асимптоматски случаи на 2 април – најголем дел од националната бројка за тој ден[5].

Економскиот состојба во Кина станува загрижувачка. Услугите може да бидат погодени исто како производството, при што новите податоци покажуваат целосно опаднато ниво на доверба кај потрошувачите. Бројките изгледаат многу лошо, особено ако се земе предвид дека долго време се одложува работната сила предизвикано од неактивност, иако сè уште се вметнува во индексот како знак на “позитивен раст“. Сè уште нема знак на закрепнување, а работниците мигранти сè уште се заглавени и веројатно нема да се вратат на работа во скоро време. Притисокот на владата да покаже дека деловната активност продолжува, предизвика надреални сцени, при што некои локални власти им наредија на фабриките да вклучуваат машини за да изгледа дека се одвива производство и се изведуваат измислени податоци од страна на високи официјални претставници. Ваквото искривување е дел од кинескиот систем за кој централната власт е добро позната, но вистината е дека бројките тешко е да се скријат. Слични искрививувања со бројките, веројатно се случуваат со самите податоци за пандемијата на коронавирус.

Дури и ако во овие моменти, економијата е лоша во Кина, едно е сигурно – фабриката за пропаганда работи прекувремено. Значи, да ја завршиме оваа статија со кинеска поговорка:

„Еден столб, колку и да е силен, не може да ја поддржува целата куќа самостојно“.

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Преземена слика од: https://pixabay.com/photos/graffiti-pattern-san-diego-1282291/

 

[1] https://www.marketwatch.com/story/inside-chinas-campaign-to-blame-the-us-for-the-coronavirus-pandemic-2020-03-15

[2]https://www.nytimes.com/2020/03/13/world/asia/coronavirus-china-conspiracy-theory.html

[3]   https://foreignpolicy.com/2020/03/04/beijing-china-government-believe-coronavirus-outbreak-lockdown-conspiracy/

[4] https://globalvoices.org/2020/03/23/classified-data-shows-that-chinas-official-figure-of-zero-domestic-covid-19-cases-excludes-asymptomatic-carriers/

[5] https://www.bloomberg.com/news/articles/2020-04-02/fresh-coronavirus-testing-in-china-finds-more-symptomless-cases

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.