Оргинален наслов: НЕ СЕ МАЛКУ, СЕДУМ СЕ – КАКО ГЛАСАШЕ ЕВРОПА ПРОТИВ ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ
Пратеникот Антонио Милошоски на својот Твитер профил објави пост во кој кажува дека на вчерашниот ЕУ Совет 7 членки биле против за датум за преговори со Северна Македонија и Албанија. Во постот пратеникот има објавено и исечок од слика на која стои наслов: Франција и Гермнаија истурија ладна вода на Балканските надежи за брзо пристапување кон ЕУ. Порталот Република беше прва која ја пренесе оваа дезинформација. Други портали кои учествуваа во споделување на оваа дезинформација беа: Курир, Лидер, Макфакс, Плусинфо, Точка, 24Инфо, Сигнал, Магазин, Макпрес, Маркукуле, Емагазин.
Првично, сликата која пратеникот ја искористил во својот пост не се однесува на вчерашниот совет. Тоа е слика објавена на порталот Financial Times која се однесува на Балканската конференција во Берлин на 29ти април 2019. Со самото тоа што пратеникот објавил слика од конференцијата во Берлин, а зборува за Европскиот Совет, доаѓаме до заклучок дека неговиот пост е дезинформација.
Дека на ЕУ Советот сите земји биле согласни за почеток на преговорите изјави премиерот Заев (видео).
Дополнително во текст објавен од МИА се наведува следново:
Ниту една држава не изразила сомнеж дека РСМ ги исполнила сите задачи. Холандија изразила очекување да се донесе Законот за ЈО, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава. Најмногу за нас се бореа: Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, Балтичките држави и Хан. Бугарија крајно позитивно, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави. Грција, Австрија, Словенија и Унгарија жестоко позитивно за нас. На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината.
Сите држави се согласија да го дополнат заклучокот со посебно признание за Преспа и за Договорот со Бугарија. Сите ги поздравија и потврдија резултатите од реформите. Сите се обврзаа да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври.
Сите во своите излагања ги поздравија реформите кај нас, а одлуката за двете држави ќе се донесе во октомври.
Од ова слободно можеме да констатираме дека пратеникот Милошоски со дезинформација се обидува да влијае врз јавното мислење и да ги наведе граѓаните на погрешен заклучок. Во овој негов обид му помагаат повеќе медиуми кои не ги консултираат и другите засегнати страни, со што на некој начин соучествуваат во ширење на дезинформации и погрешно информирање на јавноста.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО