Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на собраниската седница одржана на 25.07.2019 стоејќи зад говорницата повторно пласираше дезинформации. Според него, во јавноста се појавиле одредени информации/шпекулации дека на бизнисмен од Битола му бил побаран рекет од страна на функционер од редовите на власта. Милошоски изјави дека бизнисменот спас од наводниот рекет побарал во Амбасадата на Белорусија во Србија која што е надлежна и за Република Северна Македонија.
Дезинформацијата беше споделена и од страна на следниве медиуми: Магазин, Република, Вечер, Либертас, Лидер.
Тимот на F2N2 веќе во два наврати пишуваше за дезинформации пласирани од страна на пратеникот Антонио Милошоски. Ако во првите два наврати медиумот преку кој Милошоски ги пласираше дезинформациите беше Tвитер, тој сега ја злоупотреби собраниската говорница.
Белоруската амбасада на чист македонски јазик го демантираше неговото тврдење/прашање и го оквалификува како лажна вест.
Според најавата оваа амбасада ќе испрати и протесна нота до Министерството за Надворешни Работи на Република Северна Македонија.
Кога пратеник и поранешен министер за надворешни работи е извор на дезинформации и лажни вести во повеќе наврати, тогаш потребата од институционален и организиран пристап во борбата против овој глобален феномен е оправдана и неопходна.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО