Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов: Не е само историјата, Царовска планирала да го спојува и македонски јазикНа 14 јануари 2021 година порталот Expres.mk објави текст со наслов:
Не е само историјата, Царовска планирала да го спојува и македонски јазик. Текстот се повикува на информација од професорката Јасна Котеска која на социјалните мрежи открива, според неа, фрапантен план кој таа го нарекува “Таен државен удар”. Имено, според Котеска концептот на Царовска треба да купи време додека да бидат изработени учебници по бугарски терк, но и дека со новата стратегија за образованието на Филолошкиот факултет при УКИМ треба да се воведат две научни гранки лингвистика и литература, а предметот македонски јазик би бил дел од овие гранки.Содржината од “информацијата” на Котеска се најде на порталите со наслови дека Мила Царовска наводно планира да го укине и предметот македонскиот јазик, односно групата македонски јазик на Филолошки факултет.Оваа анализа има за цел да ја утврди вистинитоста на тврдењето на универзитетската професорка Котеска од денешна временска дистанца, односно јули 2021.Портали кои ја објавија оваа дезинформација се:
Лидер,
Pressingtv.mk ,
Република и
The Times.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Професорката Јасна Котеска објавувајќи свое мислење, кое не е поткрепено со никакви докази, само ја продолжува дезинформативната кампања за најавената образовната реформа што треба да следи. Наведените портали без да ја проверат точноста на информација, објавуваат вест повикувајќи се на професорката Котеска, а притоа таргетирајќи ја министерката за образование Мила Царовска. Со тоа само ја зајакнуваат дезинформацијата давајќи и “кредибилитет” затоа што истата произлегува од професор.Имено дезинформацијата беше демантирана од министерката за образование Мила Царовска која на својот твитер профил
повика да запре ширењето на дезинформации
. “Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации”, гласи твитот кој министерката го објави.Ова е само продолжение на дезинформациите со кои беше проследена најавата за образовна реформа во однос на предметот Историја. Порталите пренесувајќи непроверени информации и мислења од поедници објавени на социјалните мрежи, ја покажуваат своја непрофесионалност и непочитување на Новинарскиот кодекс. Ваквите објави имаат за цел да го продолжат наративот за наводно губење на идентитет, јазик, историја, наратив кој започна да се кали пред Преспанскиот договор.Од денешна временска дистанца може да се заклучи дека наводот на универзитетската професорка Котеска е дезинформација, односно дека предметите Историја и Македонски јазик се уште се дел од официјалниот образовен курикулум, додека катедрата за Македонски јазик при Филолошкиот факултет е активна и функционална. Тимот на ФН ова тврдење на Котеска го карактеризира како лажно, а истото има за цел да внесе немир и страв кај граѓаните.