На 26.08.2019 во 13:12 порталот Република објави дезинформација, која во текот на денот беше превземена од страна на неколку други портали.
Според сценариото на пропагандистите, српската премиерка Ана Брнабиќ денеска беше пречекана на платото пред Владата без знамето на нејзината земја.
Линк до објава: Република
Објавениот текст е комплетна манипулација. Медиумот објави фотографија на која се забележува само македонското знаме, со цел да ја поткрепи својата шпекулација.
Ова е дезинформација со која свесно се манипулира јавноста, што е спротивно на Кодексот на новинари. Вистината е дека српската премиерка е дочекана согласно протоколот.
Новинарите имаат одговорност кон јавноста. Јавноста не смее да биде заведувана и манипулирана. Новинарите во своите известувања, мора да ги почитуваат принципите за професионално новинарско истражување. Тие треба да сносат одговорност за своите постапки согласно законите. Лажните вести не се слобода на говор, туку негово прекршување.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО