Меѓународните невладини организации го стиснаа копчето за борба со лажните вести веднаш по 1980-та, кога руското КГБ пушти дезинформација дека наводно позади епидемијата на СИДА стои ЦИА која што експериментира со вирусот наводно на неколку жители на Хаити кои што потоа ја прошириле болеста, другата верзија е дека други експериментални анализи со агенс за биолошки војувања. Беше јасно дека оваа фабрикувана вест ќе создаде масовна паника и омраза кон тие кои што наводно го пуштиле вирусот, а тоа е американската влада која што е дежурен непријател или критикувач на Русија, а тоа всушност е и мисијата. После неколку години, научниците го докажале спротивното за оваа лажна вест, но штетата веќе беше направена.Па замислете која штета ја прави сега интернетот којшто со брзина на светлината споделува таков вид на лажни вести. Во новинарството има еден многу добар пример којшто укажува на потребата од верификување на вестите пред објавување, бидејќи со демант или поправка на веста е како да се трудиме да собираме пердуви, што е невозможно. Ова значи дека ако лажната вест стигнала до милион луѓе, можеби демантот, корекцијата или разобличувањето нема да стигнат ни до пола од оваа бројка на луѓе. Затоа и повеќе е потребно да се работи на подигнување на свеста. Старите велат „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Препораки на Атлантскиот Совет за борба со лажните вести Атлантскиот Совет или “Atlantic council” подготвил неколку препораки со кои обичните граѓани, но и институциите, би можеле да се справат со лажните вести кои имаат за цел само тензии и раздор во одредено општество. Препораките се следни.
Разберете го „Големиот Наратив“ на контекстот
Големите наративи, или пак големата слика за историјата на едно општествопомагаат да се објасни заедничкото значење на минатото, сегашноста и иднината на меѓународната политика. Тие се приказна што една група може да ја разбере и да ја поистоветува со своите животи. Овие наративи се исто така начин со кој политичките актери да го обликуваат однесувањето на домашната и меѓународната публика. На нас како поедицни ни помагаат да ги разбираме разговорите во кој контекст се одвиваат.
Двојна контрола на изворите
Новинарите секогаш се обучуваат да ги проверат своите факти преку најмалку три извори пред објавувањето, а поединците треба да се обидат да ja читаат најмалку два пати информацијата пред да и поверуваат.Треба да си поставите прашања во врска со изворот и пристрасноста на информациите и после една кратка пауза и рефлектирање, може да донесете заклучок дали одредена информација е точна.Дали изворот на веста е некоја организација или индивидуа? Која е мисијата на таа организација? Ако веста или сликата доаѓаат од некоја веб страна на која што има конспирации, најверојатно веста е лажна. Треба да се запрашаме дали изворот има линк, или од кого е финансиран, дали се работи за одредена земја? Ако е така, замислете само што тој актер сака да постигне. Ви треба само една минута за да потврдите, и патем мислете два пати пред да споделите некоја вест.
Погледнете два пати, прочитајте ред по ред
Концептот на анализа на критички дискурси (CDA) се однесува на начините на кои може да се анализира текстот или говорите за кои се смета дека се политички или културолошки влијателни. Кога читате една статија, внимавајте на некои клучни елементи како:
Односот агент-пациент: Кој што прави? Многу статии постојано ќе прикажуваат одредени групи или луѓе како иницијатори (извршители на моќ), додека други постојано ги примаат овие дејства (тие се пасивни). Барајте ги овие елементи во текстовите за да разберете подобро која е целта на авторот, на кој начин сака читателот да ги перцепира информациите.
Предлози: Погледнете како е структурирана реченицата. Дали има "нас" наспроти "нив" односот пред и во центарот? Ако е така, дали групата "нас" го прави најголемиот дел од доброто, а групата "нив" го прави најголемиот дел од лошите работи? Дали негативните дејства на групата "нас" се оправдани, додека позитивните акции на "нив" се скриени? Ова може да ви помогне да ги разберете сомневањата што авторот може да ги постави.
Свеста е првиот чекор во борбата против дезинформациите и лажните вести, и може да помогне во разбирањето за тоа како се анализираат наративите. Бидејќи информативното преоптоварување се зголемува, и изборната реторика се развива, поединците ќе бидат првите пречки за ширење на лажни или искривени наративи. “Stop fake Ukraine” дава насоки за борба со лажните вести Организацијата “Stop Fake Ukraine”
дава други насоки за борба со лажните вести од своја призма. Поради почитичките и истористите конфликти помеѓу Русија и Украина, почвата за лажни вести тука е многу добра. Низ нивни примери ни даваат насоки како да се бориме против лажните вести кои најлесно поминуваат кај читателите со лажна слика или видео.
Лажни фотографииОва е најпопуларната алатка за пренесување на лажни вести, но е една од најлесните за утврдување. Само со десен клик на глувчето на компјутерот, и со кликнување на опцијата за пребарување на сликата во Google, веднаш ќе ви се појават сите места на кои што е објавена сликата и на тој начин ќе сфатите дали сликата е лажна.Aко имате друг пребарувач освен Гугл, тогаш може да инсталирате посебни додатоци кои што ги има многу. На пример, многу корисна е “
Who stole my pictures”. Овој plug-in може да пребарува не само на Google, туку и на Yandex, Tineye или сите три одеднаш и на тој начин ќе бидете сигурни дали сликата претходно се појавила на друго место и во друг контекст.A едноставно можете и да ја земете сликата селектирана со глувчето и ја поставите на пребарувачот, и тоа автоматски ќе ви покаже каде се објавувала сликата. Со помош на овој метод може да проверите два многу важни аспекти. Првиот е дали сликата е оригинална или e уредувана. Вториот аспект е датумот на објавувањето на сликата и нејзината вистинска тема. На пример, можете да видите дали некој се обидува да ги прикаже воените настани во Сирија како оние на Украина.
Лажни видеа Со видеата е малку потешко отколку со сликите. Треба да кликнете на видеото и да одите на каналот на Јутуб за да видите кога е објавено видеото и во кој контекст.И да има скорешен датум на објава, треба да се види дали истото видео е објавувано повеќе пати. Ако е така, најверојатно е лажно.Читајте ги и коментарите под видеото. Често пати луѓе што го виделе видеото претходно, пишуваат коментари и кажуваат дали видеото е лажно или објавено претходно. Имајте ги предвид и деталите во видеото. Гледајте ги регистарските таблички на колите во сликите, или пак натписите на продавниците во сликата, објектите и слично, бидејќи секоја од нив е одлика на одредено место. Видеото може да пребара истотака како сликата, ако направите “snapshot” на видеото и го поставите на пребарувачот Гугл за да видите дали е објавувано во друг контекст и време. “
German Marshal Fond(GMF)” препорачува заедничка ЕУ борба против лажните вести.“German Marshal Fond(GMF)”
препорачува да се инвестира највеќе на политики со кои ќе се регулира интернет просторот. Иако регулацијата на онлајн платформата во Северна Македонија се доживува како притисок врз слободното новинарство, поголемиот дел од Меѓународните невладини организизации мислат дека треба да постои одредена регулација и со тоа би се помогнало во борбата со лажните вести. На тој начин се смета дека ќе им се помогне и на одговорните медиуми за да се направи дистинкција, но и на тие кои биле мета на лажните вести за да имаат од кој да бараат одговорност.“German Marshal Fond(GMF)” истотака препорачува да се направат платформи, како што е нашата платформа „F
2N
2“ за борба со лажните вести, но и да се подигне свеста кај граѓаните за масовноста на овие материјали кои имаат негативна цел и агенда. Германија им наложува на порталите со над 2 милиони следбеници да го отстранат говорот на омраза, да ги отстранат лажните вести и незаконските материјали во рок од 24 часа од опомената. Казните ако не се почитуваат овие насоки на владата се до 50 милиони евра. Властите во Германија оформија тим од 1200 луѓе кои што мониторираат и бришат лажни вести на социјалните мрежи каде што е најголем дофатот.Но фондот предупредува дека оваа регулација треба да биде под строг Еу мониторинг бидејќи властите во своите земји може да ја употребат оваа алатка за да се пресметаат со политичките неистомисленици. Ова особено затоа што според индексите на слобода на медиуми во Централна и Источна Европа, само Чешка и Словачка се земји со целосно слободни медиуми.Препораките на организацијата се дека земјите од Централна и Источна Европа треба да се обидат да ги вклучат локалните компании, особено оние кои се занимаваат со “cybersecurity”, како што се локалните гиганти Avast Software или ESET, во развојот на сопствените капацитети во овој сегмент на безбедност на информации.
“National endowment for democracy” препорачува обука на новинарите“National endowment for democracy”
Препорачува обука на новинарите кои што често се исто така мета на лажни вести бидејќи недоволно се интересираат за изворот на одредена слика или видео, иако алатките кои што ги овозможуваат интернет пребарувачите се многу.Според оваа организација, новинарите треба да бидат директно вклучени во креирањето на стратегиите и политиките за борба против лажните вести бидејќи често ненамерно се мета на овие вести кои што продолжуваат да ги споделуваат. Нивната цел - да ја бараат вистината во име на јавноста - е најдобро усогласена со оваа задача, според организацијата.
Една студија на Меѓународниот центар за новинари дошла до заклучокот дека 71 одсто од новинарите користат социјални медиуми за да најдат нови приказни за пишување, a само 11 проценти користат алатки за верификација на социјалните медиуми.Според оваа организација, на новинарите треба да им се создаде навика да проверуваат слики и видеа на ист начин како ги проверуваат фактите во текстовите.
“Kremlin watch” препорачува истотака подобра регулатива на локалните власти во борбата против лажните вести, но и поголема ангажираност за развивање на нови алатки со кои што би се намалил напливот на ваков вид лажни вести.Оваа организација напоменува дека методите на Кремљ секојдневно се подобруваат и се користат подобри алакти со кои би се споделувале лажните вести на интернет затоа треба да се следи каде и како ги споделуваат текстовите и да се интервенира бидејќи бројките до колку луѓе стигнуваат тие лажни информации се огромни.
“IRI” пак укажува на тоа дека широката употреба на социјалните медиуми има огромно влијание врз културата, бизнисот и политиката на светот во целина со потенцијално позитивни и негативни ефекти.Со оглед на штетните последици од лажните вести во социјалните медиуми, постои длабока потреба за откривање на лажни информации, контрола и/или спречување на ширење. „ИРИ“ предлага напредна рамка за идентификување на твитови со лажни информативни содржини користејќи разни техники, вклучувајќи статистичка анализа на корисничката сметка на Твитер, пребарување на обратни слики, вкрстена верификација на лажни извори на вести и податоци за „mining”.