Социјалната мрежа Фејсбук изобилува со таканаречените “лажни” профили кои корисниците ги креираат поради најразлични причини. Една од најчестите причини за креирање на лажен профил е леснотијата во ширењето на лажни вести. Фејсбук води секојдневна битка со ваквите профили, се со цел да се спречи ширењето на дезинформации, иако за волја на вистината тоа не е воопшто лесно. Колку за информација, според пресметките кои ги направил тимот на Фејсбук, бројот на лажни профили изнесува 5% од вкупниот број на активни профили во четвртиот квартал од 2018 односно првиот квартал од 2019 година.Тимот на F2N2 беше заинтригиран од постот објавен на профилот со име Sanja Novakovic, во кој е прераскажана наводна случка во едно од скопските средни училишта. Во текстот е прераскажано дека деца од една од најдобрите скопски гимназии, при доделување на свидетелствата биле видно разочарани кога на три места во свидетелствата виделе дека стои Република Северна Македонија. Во продолжение на текстот стои дека при добивање на пријавите за упис во следната година, сите деца до последно сосема “случајно и спонтано” напишале Македонија како своја татковина и Македонец/Македонка како нивна националност. Ваквиот чин наводно наишол на одобрување и од страна на класниот раководител кој им се обратил со зборовите “Браво деца, така треба!”.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Целата оваа приказна во ниту еден момент не е поткрепена со никаков доказ. Напротив, се базира на прераскажување од страна на профилот кој го објавивме погоре, за кој според порталите Инфомакс, Скопје24, Мotika, Infonews, Kolozeg.info се тврди дека е мајка на еден од учениците во класот. Како што во постот е објавена слика од свидетелство, доволно ќе беше да се објави барем една слика од пријавите за упис на кои се тврди дека сите деца напишале Македонија за држава и Македонец/Македонка за националност, за целата приказна да беше поверодостојна.Во последниот дел од објавата, авторот на постот обвинува дека Владата извршува геноцид врз Македонците, што е сериозно обвинување поради големината и значењето на самиот збор.Кога во делот за пребарување на корисници го внесето името Сања Новаковиќ, ќе Ви се појават два профили, едниот со кирилично, другиот со латинично писмо, но и двата профили се со идентична профилна и насловна фотографија.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Профилот со име напишано на латинично писмо изобилува со постови кои се против името Северна Македонија, a активно објавува и постови за бојкотирање на уставните измени, претседателските избори итн. Во фотографиите нема да најдете ниту една фотографија од извесна Сања, што не значи дека мора да има, но самото тоа уште повеќе го потврдува фактот дека профилот е лажен.Во продолжение преку сликовит пример ќе ви прикажеме колку следбеници има секој од порталите кои ја споделија оваа дезинформација, како и за колку интеракции и споделувања се “заслужни”.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Кога би ги собрале сите овие бројки би дошле до бројка од вкупно 889,913 следбеници, 7191 интеракции и 722 споделувања. Според алгоритамот на Фејсбук оваа дезинформација допрела од 17,798 до 57,884 корисници, бројка која воопшто не е за потценување.За утврдување на опсегот користена е алатката CrowedTangle.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.