Програмскиот менаџер Росана Алексоска беше дел од соговорниците на специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс П. Рубин, на средбата која се одржа на 12 Април, 2023. Г-ца Алексоска пред претставникот на Стејт Департментот ја престави програмата за справување со Лажни Вести и Наративи и даде осврт на состојбата со Руските дезинформативни наративи во Северна Македонија.

Специјалниот претставник Рубин при својата посета на Северна Македонија, покрај со претставниците на граѓанското општество оствари средби и со претставници на медиумите и медиумските организации како и со државниот врв. На средбата со Претседателот Пендаровски, специјалниот претставник Рубин истакна дека постојат структури во регионот и во Кремљ кои не сакаат да се има прогрес во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Во своето видео обраќање до јавноста во Северна Македонија и регионот објавено на Радио Слободна Европа, Г-нот Рубин потенцираше дека битката со дезинформациите од Русија и Кина се голем предизвик за целиот регион.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.