Одеднаш се појавија плејада на подсмешливи коментари упатени од евроскептиците, „патриотите“ и опозиционерите, кои се потрудија на секој можен начин да ја омаловажат помошта која земјава ја добива од Европската Унија. Сѐ ова беше направено со цел да се “заташка” информацијата дека Северна Македонија од ЕУ ќе добие 66 милиони евра во борбата против корона вирусот, кои сите погорeнаведени воопшто не ја ни споменуваат, само ја игнорираат.
На 22 април, Евроамбасадорот Самуел Жбогар на својот твитер профил објави дека Република Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува 5 генератори, 25 семејни шатори, 200 душеци и 1.000 ќебиња. Австрија, меѓу другото, испраќа и ракавици и средства за дезинфекција.
По оваа најава, веднаш започна анти ЕУ кампањата, односно во оптек беше пуштен слоганот „Ќебе за тебе“ како иронично потсетување на кампањата „ЕУ за тебе“.
Одеднаш се појавија плејада на подсмешливи коментари упатени од евроскептиците, „патриотите“ и опозиционерите, кои се потрудија на секој можен начин да ја омаловажат помошта која земјава ја добива од Европската Унија. Сѐ ова беше направено со цел да се “заташка” информацијата дека Северна Македонија од ЕУ ќе добие 66 милиони евра во борбата против корона вирусот, кои сите погорeнаведени воопшто не ја ни споменуваат, само ја игнорираат.
Да биде ситуацијата уште пострашна, голем удел имаат и дел од медиумите кои со своите анти ЕУ пропагандни кампањи години наназад придонесуваат да се заборави што сѐ прават европските земји за нас. Работите одеа до таму, што еден од лидерите на помалите опозициски партии напиша колумна на еден од порталите задолжен за борба против ЕУ и нивната помош, тврдејќи дека ЕУ и покрај тоа што морала да инвестира 30 милијарди евра за „воена мобилност“ успеа да издвои „значајни“ средства за помош на Северна Македонија преку 5 генератори, 25 шатори, 200 душеци, 1.000 ќебиња, за кои за жал, како што пишува авторот, како и во Србија ќе бидат наменети за илјадниците мигранти кои во меѓувреме се прибрани во државата. Е, до толку кај нас е развиена пропагандната машинерија!
Меѓу главните пропагандисти е и една професорка, која години наназад пишува против Европската Унија и редовно е со потсмешливи и иронични коментари во своите колумни за помошта која доаѓа од ЕУ. Не поминува нејзина колумна без таа да се осврне на анти ЕУ кампањата, почнувајќи од промената на името, па се до последните коментари за донираните ќебиња. Но, затоа и таа упорно молчи за 66-те милиони евра.
Во оваа цела пропагандна машинерија, освен медиумите, тука се и фан страните како Мисија, Политички Циркус, Павел Шатев, Види Види, МАЈ ТАП, Налет да се сторите, Македонија и Русија † Православен Сојуз, Бојкотирам – Bojkotiram, Sekula Vojvoda Fan Club, кои со своите илјадници следбеници се задолжени само повеќе да ја споделуваат и прошируваат веста. Всушност, тоа им е работа.
На една од фан страните „Бојкотирам“ пишува „Нека стои во историјата дека за 25 ЕУ ќебиња сменивме име“, каде што можат да се забележат повеќе од 300 лајкови и куп коментари, од кои секој втор збор е „Северџани“, а да не зборуваме кој сѐ говор се користи, какви навреди се пишуваат и што е најстрашно работите одат до таму да завршат со закани за „оние кои го смениле името“.
Секој со своето, кој за профит, кој од „патриотски причини”, но мораме да признаеме дека бројот на проповедачи на кои евроскептицизмот им е “навлезен во крвта” и мразат сѐ што е поврзано со Европската Унија. Тие секогаш наоѓаат начин вистината да ја претворат во лага.
Тоа што е уште потрагично е што имаат многу следбеници кои слепо им веруваат на сѐ што ќе кажат, па така “стопати повторената лага станува вистина”. Работите одат до таму, што дури и опасниот коронавирус беше искористен со цел, дел од интелектуалците да тврдат дека позадината на се ова е, наводно да се сокријат мигрантите кои влегуваат во земјава.
Сепак, реалната слика на терен покажува нешто друго, па затоа повеќе информации за помошта што Северна Македонија ја добива од Европската Унија само во последните години можете да прочитате на следниот линк.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО