MИТ: Пушачите поотпорни на коронавирусот
ФАКТ: Пушачите се меѓу позагрозените категории во случај на зараза од COVID-19
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека се пресретнати обиди од лобисти блиски до тутунската индустријата со цел да се изманипулира јавноста дека пушачите се поотпорни на коронавирусот. Тие предупредуваат дека се случува токму спротивното, односно во случај на зараза, пушачите се категорија кај која што може да се појават потешки симптоми, кои носат до хоспитализација или во најлош случај и прерана смрт.
„Лобисти на тобако индустријата се обидоа да го манипулираат носењето на политики и уредби поврзани со COVID-19 со цел продавниците на цигари бидат категоризирани како „суштински“, и да можат да понудат бесплатна достава на цигари и други тутунски производи на луѓето во карантин. Пушачите се повеќе подложни, доколку се инфицираат, да се соочат со потешки симптоми, чиј исход може да биде хоспитализација, па дури и прерана смрт“, се вели во соопштението на WHO.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО