Во период кога сите научни и истражувачки студии се насочени кон изнаоѓање на лек или вакцина против коронавирусот, во јавноста циркулираат многу од нив, иако не се клинички потврдени.

Така уште во месец април се појави тезата дека пушачите се поотпорни на Ковид-19, никотинот лечи или помага во лекувањето на заразата со Ковид-19, можно е тутунот да спречува да се заразите . Сите овие тези произлегувааt од  Француска студија објавена на 21 април . Светската Здравствена Организација уште тогаш алармираше за лобисти кои што ја шират оваа пропаганада,  како и тоа дека пушењето ги оштетува белите дробови и другите делови од телото и не прави повеќе ранливи на # COVID19 инфекција. Вистинско време е да се откажете од пушењето за побезбедно и подобро здравје.

За тоа дека пушачите не се поотпорни на коронавирусот нашиот тим веќе пишуваше.

Деновиве повторно сме сведоци на наслови со скоро идентична содрина: Ковид -19 не ги напаѓа пушачите, информираат истражувачитеНАЈНОВИ ИСТРАЖУВАЊА: Ковид -19 не ги напаѓа пушачите?.

Но овојпат содржините произлегуваат од истражување на Израелска компанија Clalit Health Services. Според нивното истражување пушачите наводно имаат помала веројатност дека ќе бидат позитивни на тестот на коронавирусот односно помала е веројтноста да се заразат. Нивното истражување покажало дека има ниска стапка на пушачи заразени од Ковид-19 и дека тие се многу мал дел од големиот број на тешко заболени. Па така, наводно без сомнение, оваа лоша навика може да штити од Ковид-19.

Во објавениот извештај компанијата Clalit Health Services ги изнесува резултатите од големата студија спроведена кај возрасни членови. Но, во заклучокот стои дека постојат и спротивставени податоци во врска со клиничките исходи за пушачите и тоа дали пушењето е фактор на ризик за потешки заболувања. Неодмнешниот преглед објавен од СЗО ја сумира спротивставеноста на резултатите од досегашните студии во недостаток на знаење за поврзаноста помеѓу пушењето и ризикот од инфекција на SARS-CoV-2, истакнувајќи ја потребата за студии базирани на популацијата, за подобро разбирање на поврзаноста.

СЗО тврди дека пушачите се поранливи на вирусот, бидејќи чинот на пушење вклучува контакт на прсти (и евентуално загадена цигара) со усните, што ја зголемува можноста на пренесување на вируси од рака на уста. Пушењето на водени цевки, познати како „наргиле“, често вклучува допирање на уста што може да го олесни пренесувањето на вирусот КОВИД-19.

Сите веќе знаеме дека пушењето е штетно за здравјето. Со оглед на ризиците по здравјето што ги предизвикува употребата на тутунот, СЗО препорачува  откажување од употребата на тутун. Откажувањето ќе им помогне на белите дробови и срцето да работат подобро од моментот кога ќе престанете.


logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.