Денес (30.066.2023) во просториите на Министерството за Образование и Наука се одржа работен состанок помеѓу Министерството за Образование и Наука и Граѓанската асоцијација МОСТ. На состанокот на кој присуствуваше и Министерот за образование Г-дин Шаќири беше претставен документот “Препораки за изготвување на новите наставните програми“ кој е резултат на соработката помеѓу Министерството за образование и наука и Граѓанската асоцијација МОСТ.
Документот беше развиван во текот на изминатата година и ги содржи препораките за подобрување на наставната програма и содржината која се однесува на причините кои доведоа до започнување на втората светска војна како и случувањата непосредно пред нејзиниот почеток со акцент на потпишувањето на “Договорот Молотов-Рибентроп“. Овие препораки и насоки ќе бидат понатаму проследени до Бирото за равој на образованието и земени предвид во иднина при изработката на новите наставни програми.
Овој документ, како и анализите кои му претходеа, претставуваат основа за збогатување и подобрување на содржините во наставните програми по историја за основно и средно образование кои го третираат овој период, засновани на факти.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО