Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов:
Путин рече Солун е Македонски град На 1-ви јуни 2020 година, на порталот Mkdpress.site објавена е
статија со наслов: „ПУТИН РЕЧЕ СОЛУН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД“. Во текстот на статијата се вели дека Солун е македонски и дека низ Македонија ќе поминува руски гас, како и тоа дека г-динот Сергеј Лавров рекол дека поминало времето на западот (ЕУ, НАТО и Ватикан) и сега доаѓало “нашето“ време. Понатаму, авторот на оваа статија вели:
„Само се чека сега да заврши Светското првенство во фудбал во Русија и гледајте како ќе јаде руската мечка.“Имено, во 2019 година, веб страницата Mkdpress.site
објавила напис со речиси идентична содржина и наслов, која потоа била споделена и на
фејсбук страната на „Macedonian Coalition“. Најверојатно текстот од статијата објавен на Mkdpress.site, во скратена верзија, е превземен од веб страната
Македонска Нација.Линк до рециклираната вест
тука.Линк од оригиналната архивирана вест
тука.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Најпрво, се работи за манипулација и лажна вест. Имено, авторот на предметната статија нема прикачено линк до видео или до говор каде што претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, има изјавено дека Солун е македонски град. При пребарувањето на Гугл,
не може да се најде каков било доказ па макар и објава на некој странски портал, дека г-динот Путин ги изјавил тие зборови. Тоа води кон заклучок дека се работи за лажна вест којашто има за цел да манипулира со јавноста и да ги наруши добрососедските односи со Грција.Во минатото, рускиот претседател Владимир Путин, во неколку наврати говореше на теми поврзани со македонската историја, а за кои имаше различни ставови. Во 2012 година, во своето излагање на една од панел дискусиите во рамките на
Светскиот Форум во Русија, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во минатото „со цел справување со економските проблеми, Александар Македонски завојувал со Персија и ја освоил. Сега Грција не може да извојува ниту една победа.“ Со други зборови, рускиот претседател имплицира дека Александар Македонски бил Грк.На 24.05.2017 година,
за време на првата билатерална средба на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов со неговиот руски колега, претседателот
Владимир Путин истакна дека „словенската азбука и писменоста во Русија дошле од македонска почва.“Официјалниот став на Руската Федерација во однос на поранешниот спор за името секогаш бил искажуван низ глобална геополитичка призма, односно секогаш во центарот на ставот биле експанзијата на НАТО и Западното влијание во Република Северна Македонија, а не некакви конкретни ставови во однос на содржината на самиот спор. Следните зборови се дел од
изјава на рускиот амбасадор во Грција дадена во 2018-та година, Андреј Маслов: „ Русија не се спротивставува на Договорот од Преспа во врска со името, но се спротивставува на членството на Македонија во НАТО. Ако Атина и Скопје постигнат договор за името и ако тоа е официјално прифатено од Уставот на Република Македонија, тогаш ние ќе ја признаеме таа одлука.“ Сепак, Русија најде начин како да го изрази своето незадоволство, па отиде до таму и да
манипулира со тоа дека уставните измени се носат со притисоци и уцени, и дека членството на Северна Македонија во НАТО нема да придонесе за
стабилен Западен Балкан. Тимот на F2N2 и претходно
пишуваше на
овие теми.Во однос на предметната статија, очигледно е дека
се работи за рециклирана лажна вест која за првпат била објавена на веб страната Македонска нација на
4-ти јули 2018-та година, од страна на авторот Александар Џеповски, за време на одвивањето на Светското првенство во фудбал во Руската Федерација. Тоа што е индикативно за објавата од 2018 година, е тоа што се случува непосредно после
потпишувањето на Преспанскиот Договор со кој се стави крај на повеќе децинскиот спор околу името.
Истата оваа вест е објавена и на
1-ви јуни 2020 година од страна на истиот автор, самошто овојпат текстот е прикачен на друга веб страница. Но, она што е најфлагрантно е фактот дека во самиот текст во најновата објава на оваа лажна вест се вели дека
„сето ова се случи вчера и јавно им го плесна на грците во лице.“ Оттука, нејасно е еден ист случај, да се случил на 2 различни датуми во временски интервал од две години (03.07.2018 и 31.05.2020). Ова само укажува дека се работи за манипулација и за лажна вест.Слободата на говор и изразување може да биде користена за добро, но може и да биде користена за лоши намени. Па така, повторно е детектиран случај на злоупотреба на тоа право, со ширење на дезинформативни наративи. Поради наведеното, денес, повеќе од кога и да е, јавноста мора совесно и рационално да им пристапува на сите информации, и критички да ја преиспитува нивната веродостојност, во спротивно, голем ќе биде бројот на оние кои ќе бидат изманипулирани и дезинформирани од вакви и слични објави на Интернетот.