Референдумот за името на Северна Македонија беше законскиавтор: Маргарита Асенова за polygraph.info Сергеј ЛавровМинистер за надворешни работи на Русија„Кога Црна Гора и Македонија од никаде беа вовлечени во НАТО, ситуацијата со името на Македонија беше искористена на дрзок начин. Македонија организираше референдум и тоа со огромно прекршување на Уставот, кој во Македонија бара на референдумот да се стави едно прашање, но тие во суштина поставија три прашања: дали сакате да бидете членка на Европската Унија, членка на НАТО и дали сте подготвени да го промените името на државата за тоа. Во основа, секако дека се работи за измамничко прашање.”Извор: Московски Комсомолец, MK.ru 

НЕТОЧНО

НАТО прифаќа нови членки според заслугите, заложбите и нивната подготвеност. Референдумот во Северна Македонија беше законски.

 Во интервју дадено за весникот Московски Комсомолец на 3 април, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, појасни дека тој го смета пристапувањето на Црна Гора и Северна Македонија во НАТО како закана за националната безбедност на Русија.Лавров ја изрази желбата на неговата земја да биде опкружена со „појас од добрососедство“ кое не ја содржи инфраструктурата на кој било воен блок. Тој тврди дека НАТО, како причина за своето постоење, raison d'être, го смета затворањето на Русија, како што наводно може да се забележи од проширувањето на западната воена Алијанса.„Кога Црна Гора и Македонија од никаде беа вовлечени во НАТО, ситуацијата со името на Македонија беше искористена на дрзок начин. Македонија организираше референдум и тоа со огромно прекршување на Уставот, кој во Македонија бара на референдумот да се стави едно прашање, но тие во суштина поставија три прашања: дали сакате да бидете членка на Европската Унија, членка на НАТО и дали сте подготвени да го промените името на државата за тоа. Во основа, секако дека се работи за измамничко прашање.”Утврдивме дека ваквата изјава е неточна, како и неколку други изјави кои се однесуваа на проширувањето на НАТО дадени од Лавров во истото интервју.Една од причините за нашиот заклучок е веќе етаблираната политика и пракса на прием на нови членки во НАТО, и тоа само оние членки кои го поминале ригорозниот процес базиран на заслуги, посветеност и подготвеност.Уште повеќе, Русија воведе стратегија за спречување на голем број држави од поранешниот Источен Блок да станат членки на западната Алијанса или на Европската Унија, истовремено притискајќи ги да останат во орбитата на Москва.Оваа стратегија подразбира кампањи кои употребуваат дезинформации, манипулации на социјалните медиуми, како и поткуп; поттикнување на протести во Северна Македонија и Грција во 2018; па дури и обид за атентат и обид за државен удар во Црна Гора во месец октомври 2017 година.Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, го потпишуваат пристапниот протокол во Брисел.

Процесот на прием во НАТО

Идните членки на НАТО неопходно е да аплицираат за да станат дел од Алијансата, а не обратно. НАТО ги поканува само земјите аспиранти само откако тие 1) покажале дека се способни да придонесат кон колективната безбедност на Алијансата; 2) изградиле демократски систем на владеење и пазарна економија; 3) воспоставиле цивилна контрола врз своите вооружени сили; 4) ги реформирале своите армии на начин да бидат компатибилни со силите на НАТО; и 5) ги решиле сите евентуални територијални спорови со своите соседи.Овие иницијални минимални услови беа воспоставени во текот на деведесеттите години кога, по падот на советскиот блок, земјите од поранешниот Варшавски пакт изразија интерес да станат членки на НАТО. Потоа овие услови се проширија во Акциски планови за членство (АПЧ) за секоја земја-кандидат. Секој од нив содржи пет поглавја: политички и економски, одбранбени и воени, ресурси, безбедност и правни прашања.Изготвени заедно со земјата кандидат, АПЧ содржат конкретни чекори за градење стабилна демократија, реформирање на националните вооружени сили, зголемување на трошењето за одбрана, придонес кон колективната одбрана, заштита на сензитивните информации и усогласување на националното законодавство со она на Алијансата.Црна Гора и Северна Македонија ги исполнија барањата од своите АПЧ и тоа многу порано пред да ја добијат формалната покана од НАТО – и ова беше направено доброволно, без разлика на напорите и ресурсите кои ги бараше самиот процес. Всушност, Северна Македонија го исполни својот АПЧ до Самитот во Букурешт во 2008 година, кога се очекуваше да добие покана. Единствената нерешена работа беше спорот околу името со Грција, за кој требаше уште десет години за да биде решен.Патот на Црна Гора кон НАТО не беше ниту пократок, ниту полесен. Евроатлантската интеграција беше главната движечка сила на обидите за независност на оваа земја од поранешна Југославија. Одвојувањето од Србија и дистанцирањето од неподготвеноста на Белград да ги прифати последиците од националистичките политики на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ беше главниот фактор за тоа Владата на Црна Гора да се приклучи кон европските и атлантските институции. Сепак, самиот процес беше мошне тежок и за истиот негодуваше Белград, како и српското малцинство во Црна Гора. Државата исто така организираше и референдум за независност кој, во договор со ЕУ, мораше да добие поддршка од 55% од гласачите за да се смета за важечки.Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (десно) и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Брисел, 4 јуни 2018 година

Напорите на Москва за поткопување на ширењето на НАТО

Лавров сè уште не ѝ се обраќа на Северна Македонија со новото уставно име. Земјата го промени своето име по потпишувањето на историскиот договор со Грција на 17 јуни 2018 година. Договорот значеше промена на името на Македонија во Северна Македонија, во замена за целосна поддршка на Грција на процесот на пристапување кон НАТО и ЕУ на нејзиниот северен сосед, како и признавање на постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.Северна Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО откако сите 29 членки ќе го ратификуваат пристапниот протокол од 6 февруари 2019 година. Русија организираше кампања на дезинформирање насочена кон интеграциите на Северна Македонија во НАТО и ЕУ и притоа плати разни чинители, како во Грција така и во Северна Македонија, да организираат протести и да го бојкотираат договорот за името.Кампањата на Москва да ја спречи Црна Гора да стане членка на НАТО беше уште повознемирувачка. Новинарските извештаи и Владата посочија дека двајца припадници на военото разузнавање на Русија беа инволвирани во заговор за организирање атентат врз прозападниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, и пукање врз учесниците на собирот во главниот град Подгорица во октомври 2017 година.Црногорскиот амбасадор во Вашингтон, Небојша Калуѓеровиќ, на 13 јули 2017 пред Комисијата за воена служба при Сенатот на Соединетите Американски Држави изјави година дека во обвиненијата во врска со неуспешниот државен удар беа вклучени двајца руски државјани, припадници на воената разузнавачка агенција на Русија (GRU). Заедно со уште некои домашни политичари, тие беа обвинети за заговор за формирање на криминална организација и за терористички напад. Девет лица се согласија на спогодба за признавање на вината. „Сведоците идентификуваа еден од руските државјани, поранешен заменик воено аташе на Руската Федерација во Полска, кој бил прогласен за персона нон грата во таа земја по основ на дела поврзани со шпионажа, како организатор на заговорот", изјави Калуѓеровиќ пред Комисијата при Сенатот на САД, со која во тој период претседаваше сенаторот Џон Меккејн.Фотографии од Интерпол со непознат датум на Предраг Богиќевиќ, Владимир Попов, Едуард Широков и Немања Ристиќ, сите осомничени за обид за атентат и државен удар во 2016 година 

Руско приговарање на присуството на НАТО во Источна Европа

"Веднаш откако одредена земја ќе влезе во НАТО, во отсуство на видливи закани за нејзината безбедност, на нејзина територија веднаш се воспоставуваат американските воени бази", изјави Лавров за Московски Комсомолец, додавајќи дека трета база на НАТО-САД се гради во Грузија. Рускиот министер за надворешни работи го занемари фактот дека пред НАТО да воспостави присуство во Грузија, Русија ја нападна нејзината провинција Јужна Осетија и ги поддржа декларациите за независност на Јужна Осетија и на грузискиот регион Абхазија на Црното Море. Неговите коментари исто така го преувеличуваа присуството на НАТО во Грузија, бидејќи Алијансата има само канцеларија за врски во Тбилиси, а не воена база.Русија вели дека таа е пред сè загрижена за военото присуство на НАТО на нејзините граници, затоа што сака мирен „појас од добрососедство“ околу неа. Сепак, самата Русија го има поткопано овој концепт. Таа ги поддржа сецесионистичките движења и сепаратистичките војни во МолдавијаГрузијаНагорно-Карабах и Украина. Таа беше инволвирана во директни воени операции во Грузија и организира прокси војна во која се вклучени руски војници во Украина.Иако министерот Лавров вели дека неговата земја е загрижена само за почитување на Уставот на Македонија и на меѓународните норми, тоа е спротивно на непочитувањето на меѓународното право и на територијалниот интегритет на Грузија и Украина од страна на Москва, ниту за рушењето на авионот на Малезија Ерлајнс MH17 со 298 патници кои беа погодени со руски БУК проектили во регионот на Донбас во 2014 година, а тука се и илјадниците луѓе кои беа убиени, ранети или раселени во изминативе повеќе од пет години на вооружени напади во Источна Украина.Украина – Граѓани учествуваат во процесија за да бидат дел од комеморација во близина на местото каде се сруши авионот MH17 на Малезија Ерлајнс во селото Храбове во Доњецк, 17 јули 2015 годинаВо случајот со Северна Македонија, Лавров изјави дека само претседателот Ѓорге Иванов има право да го потпише договорот помеѓу Скопје и Атина. Тоа не е точно: Во Уставот на Северна Македонија јасно е наведено дека претседателот ја претставува државата и ја врши функцијата врховен командант на вооружените сили (член 79), додека извршната власт ја има Владата (член 88) која се состои од премиер и министри (член 89).Помеѓу другите надлежности, Владата одлучува и за признавање на држави и влади; воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави; донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Дополнително, Владата има право, исто како и претседателот, да предложи пристапување во сојуз или заедница со други држави или членство во меѓународни организации.Ова се принципите на парламентарната демократија, во која Владата ги донесува извршните одлуки и одговара пред Парламентот, додека во период на мир претседателот во најголем дел има церемонијална улога како шеф на државата. Овој систем е различен од „апсолутистичкиот“ претседателски систем на Русија, па дури и од претседателскиот систем на САД, според кој претседателот одговара пред Конгресот.На крајот, министерот за надворешни работи на Русија не е во право кога вели дека прашањето ставено на референдум во Северна Македонија било измамничко. Уставот не прецизира колку прашања можат да им бидат поставени на гласачите на референдум. Членот 73 го вели следното: „Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Уставот не определува дека мора да биде поставено едно или повеќе од едно прашање, или комбинација од неколку прашања. Сè додека мнозинството пратеници одлучат да распишат референдум „во однос на конкретни прашања во рамките на своите надлежности“, референдумот е законски.  
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.