И покрај сите реакции на меѓународниот фактор, но и на јавноста во Србија која што ја извади на виделина вистината за тоа дека не се работи за донација на респриратори туку набавка, со државни пари на српските граѓани, премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека после епидемијата, нејзината држава ќе изгради споменик на благодарност за Кина.
Србија се пофали со голема помош од Кина во борбата со коронавирусот. На 21 март, 2020 година беше приредена грандиозна церемонија на аеродромот во Белград, каде што пристигна првиот карго авион од Кина.
Александар Вучиќ заедно со кинеската амбасадорка во неговата земја, одржаа прес конференција величејќи ја кинеската држава и народ за наводната „донација“ на респиратори и други медицинска роба. Вучиќ во неговата изјава ја величеше партијата на власт во Кина и нејзината „великодушност“, прикажувајќи ја како земја пријател со која што Србија има „челично пријателство“.
Конференција на Александар Вучиќ на аеродромската писта на 21 март 2020 година:
(45.07)-„Голема благодарност до претседателот Си Џин Пинг, голема благодарност до комунистичката партија на Кина, голема благодарност до народот на Народна Република Кина… Нашиот авион денеска успеа да донесе само еден дел од помошта, нашиот друг авион А320 веќе е во Кина и ја превезува и другата роба. Се што е во Кина во нашиот авион е се што е стигнато, е бесплатна донација од Република Кина, и затоа им се заблагодарувам најмногу“…(27:98)- „Кина која што сеуште не ја завршила својата борба рече да им помогнеме и на своите челични пријатели. Да им дадеме на нив дел од нашите респиратори. Србија тоа не смее да го заборави. Кина е наш пријател за секогаш, за 100, 1000 и повеќе години се покажа како наш пријател кога ни беше најтешко“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ на 21 март, 2020 година.
Дали навистина се работи за кинеска помош и колку има пропаганда во сето тоа?
Ова фалење на кинеската држава од страна на Вучиќ не траше долго бидејќи новинарите во Србија почнаа да истражуваат и да го прашуваат за наводната „донација“, за да на крај изнудат одговор во кој признава дека не се работи за помош туку набавка од буџетот на Србија. Александар Вучиќ призна по само два дена од церемонијата дека респираторите, маските и другите потребни работи за борба со Коронавирусот се купени со пари на српските граѓани, а само еден мал дел е кинеска донација.
Изговорот на Вучиќ е дека доволно е што кинеските власти им овозможиле да дојдат до респиратори и други медицински материјали, бидејќи во другите земји не успеале ниту тоа да го постигнат. Само Кина била спремна да им продаде респиратори.
Конференција на претседателот и премиерката на Србија на 23 март, каде што признава дека материјалите не се донација туку само еден мал дел е донација а другото е купено со пари на српските граѓани –
01:30 Јас сум бескрајно благодарен на сите што ни помогнаа, никој не набавил респиратори, бидејќи денес респираторите се како злато. Никој не сака да ги продаде, а на нас кинезите ни дадоа една одредена количина. Еден дел сме купиле од нив, и кога прашувате каде може да купите уште, тоа е пак многу тешко но пак треба во Кина„, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Меѓутоа, непобитен факт е дека на аеродромот Вучиќ изјави дека се работи за бесплатна донација, за да на крај се демантира себеси.
На грандиозното пречекување на наводната донација на Кина во Србија, реагираше и дипломатот Карл Билдт кој на неговиот профил на Твитер, напишал дека Србија величи кинеска помош, а не ја спомнува помошта на ЕУ. Билдт реобјави твит на шефот на делегацијата на ЕУ, Сем Фабризи, во која што пишуваше за пратката на помош што пристигна во Белград од ЕУ, како прв дел од 93 милиони евра пакет помош за српскиот народ.
На оваа реакција се огласи премиерката на Србија Ана Брнабиќ која што наместо да се извини, за тоа што Еу не е спомната и „величена“, го обвини Билдт за објава на лажни вести бидејќи според неа, тој авион не бил целосна помош од ЕУ, туку само транспортот бил платен од ЕУ, а пак во авионот имало кинеска помош.
Но Билдт не е единствениот којшто го критикува „челичното пријателство на Србија со Кина“. Невладиниот сектор и голем дел медиуми го нарекоа чинот на Србија како вратање грб на ЕУ и спријателување со нејзиниот геополитички противник, Кина.
И покрај сите реакции на меѓународниот фактор, но и на јавноста во Србија која што ја извади на виделина вистината за тоа дека не се работи за донација на респриратори туку набавка, со државни пари на српските граѓани, премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека после епидемијата, нејзината држава ќе изгради споменик на благодарност за Кина.
Судејќи според горенаведените факти, дали Србија прави пропаганда за Кина, и против Еу?
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО