Програмскиот Менаџер Росана Алексоска беше говорник на една од сесиите во рамките на А5 [Adriatic 5] Стратком конференцијата на тема “ Медиумска писменост и справување со дезинформации - Подготвеноста на институциите за заштита од хибридни влијанија“ која се одржа на 19 Мај, 2023 во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Во рамките на сесијата насловена “Медиумската писменост и справување со дезинформации и лажни наративи“ покрај Г-ца Алексоска говореа и Енди Карвин [Atlantic Council], Биљана Петковска [МИМ], Биљана Настеска-Каланоска [ЗНМ] и Џабир Дерала [Цивил].

Во своето излагање, меѓу другото, Г-ца Алексоска ја потенцираше силната врска помеѓу дезинформативните наративи и различните информациски околини, како што се семејството, медиумите, училиштето и тн. и како тие влијаат врз погрешните перцепии, концепции и убедувања кај различните целни групи.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.