Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов: „Русија е агресивна – на НАТО му е потребно нуклеарно оружје да го заштити светот и слободата на планетата!“. На 12-ти мај, 2020 година, на Интернетот осамна една статија со сензационалистички наслов објавена на веб-страната на
Магазин.мк, во кој се наведува дека Русија е агресивна бидејќи на НАТО му е потребно нуклеарно оружје. Истотака, редоследот на речениците дел од изјавата на Генералниот Секретар на НАТО е променет во текстот објавен на магазин.мк со што е разобличен контекстот на изворната изјава.Линкот до оригиналната статија можете да го најдете
овде.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Насловот на статијата и содржината на текстот драстично се разликуваат. Имено, се работи за класичен ‘клик беит’, бидејќи со насловот се алудира на некаква си трка за нуклеарно вооружување помеѓу земјите, што воопшто не е точно. Овој текст првично е објавен на српскиот портал
Информер.рс, и истиот во е целост превземен од порталот Магазин.мк. Времето на објавување на статиите во двата портала е
помалку од еден час. Главната поента на
изјавата на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е дека НАТО се залага за свет без нуклеарно оружје преку ефективна контрола на нуклеарното оружје, разоружување и непролиферација на нуклеарното оружје. Во таа насока, НАТО бележи голем напредок во постигнувањето на ова цел. “
Од крајот на Студената војна, НАТО го намали бројот на нуклеарно оружје во Европа за околу 90%.” Но, иако НАТО официјално се залага за целосна контрола и нуклеарно разоружување, тоа во моментов не е возможно бидејќи сили како Русија и Кина го зголемуваат својот арсенал на нуклеарно оружје. “
Додека НАТО го гледа своето нуклеарно одвраќање, пред сѐ, како политичка алатка, Русија цврсто го интегрира својот нуклеарен арсенал во својата воена стратегија.” Русија има поставено проектили со нуклеарни боеви глави во Калининград, на само 500км од Берлин. Истотака, незаконското анексирање на Крим и заканите со нуклеарен напад кон Данска, Романија и Полска, земји-членки на НАТО, ја потврдуваат потребата на НАТО од поседување на нуклеарно оружје.Целта на нуклеарното оружје на НАТО не е да предизвика конфликт, туку да се зачува мирот, да се одврати агресијата и да се спречи принуда. Истотака, т.н “нуклеарен чадор”, заснован врз основа на мултилатерален договор помеѓу земјите-членки на НАТО, ги дефинира бенефитите, одговорностите и ризиците од нуклеарно споделување, и допринесува кон спречување на понатамошна пролиферација на нуклеарното оружје. Со други зборови, земјите-членки на НАТО кои не поседуваат нуклеарно оружје не треба да развиваат нуклеарни капацитети за да се заштитат, бидејќи они земји-членки кои поседуваат нуклеарно оружје се заложуваат дека ќе ги заштитуваат своите сојузници од непријателот преку нуклеарно одвраќање.Последно, не јасно е зошто Русија би била бесна кога и таа поседува голем нуклеарен арсенал? Русија е една од потписниците на договорот на СТАРТ, и во минатото во многу наврати ги прекршувала одредбите за нуклеарно разоружување. На пример,
ИНФ Договорот за нуклеарни сили со мал и среден домет. На крајот, се работи за класичен ‘клик беит’ кој има за цел да привлече што е можно повеќе читатели. НАТО Алијансата се залага за заштита на своите земји-членки и граѓаните кои живеат во нив, како и одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, преку употреба на сите воено-политички средства и алатки кои и стојат на располагање и во согласност со меѓународното хуманитарно право.