На 5 септември, проектниот менаџер Росана Алексоска беше еден од презентерите на сесијата “Цело општество“ организирана од страна на Центарот за Европски Перспективи од Словенија.
Заедно со Г-ца Алексоска, на настанот свои презентации имаа и Алчео Смерили и Сим Кумпас од Сервисот за надворешна акција на Европската Унија (EEAS), Мадис Ваикма од Одделот за стратешки комуникации на Владата на Естонија како и Алекси Ахо од Hybrid CeO.
Дезинформациите се само еден сегмент од штетното влијание кое доаѓа од авторитарните и илиберерални држави.
Росана Алексоска - FN
Г-ца Алексоска ги презентираше главните сознанија од студијата со што даде до знаење дека во Северна Македонија постои проблем со руско влијание притоа елаборирајќи ги начините на делувањето на Кремлин како и про-Руските актери во Северна Македонија. Исто така, г-ца Алексоска посочи дека дезинформациите се само еден сегмент од штетното влијание кое доаѓа од авторитарните и илиберерални држави.
Г-ца Алексоска потенцираше дека доколку час поскоро не се дојде до консензус за потребата од вклученост на сите општествени чинители во справувањето со дезинформациите и странското штетно влијание дезинформациите ќе направат уште поголема штета врз и онака кревките демократски процеси во државата.
Алчео Смерили и Сим Кумпас ги презентираа методите и начините на кои ЕУ се справува со овие штетните влијанија, преку нивно мониторирање, врамување и создавање отпорност кон истите. Г-динот Ваикма пак ги сподели искуствата на Одделот за стратешки комуникации на Владата на Естонија кои треба да претставуваат добра практика за тоа како Северна Македонија треба да му пристапи на ова прашање.
Како последен говорник Г-динот Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис ги претстави Препораките за справување со дезинформации кои треба да служат како основа во процесот на дијалог помеѓу различните општествени чинители.
На настанот беа присутни претставници на Граѓански организации кои работат во областа на справување со дезинформации, претставници на медиумските организации, претставници на медиумите, академијата како и претставници на Владата на Северна Македонија.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО