Во рамките на својата програма „Борба со лажни вести и наративи“, денес Граѓанската Асоцијација МОСТ ја презентираше студијата за руската пропаганда, влијание и дезинформации „Една година од руската агресија врз Украина“. Студијата е работена во текот на 2022 и 2023 а се однесува на периодот март 2022 – февруари 2023.

Според еден од авторите на студијата Росана Алексоска, руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија се со голем обем, повеќеканални, повторувачки и без објективност. Студијата дополнително потврдува дека руските операции за влијание имаат за цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и медиумите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните, додаде таа.

Студијата откри масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ во онлајн просторот во Северна Македонија, користење на медиумите под контрола на руската држава како извори во статиите, проруски пораки од политичари од регионот па и пошироко кои се руски сојузници, како и повеќе случаи на координирано масовно ширење на содржините на Фејсбук преку добро воспоставена и координирана проруска инфраструктура.

Росана Алексоска FN

Според Алексоска, Руското влијание во Северна Македонија исто така е во согласност со концептот на „остра моќ“ (sharp power), особено преку промовирањето на Словенско-православното братство и користењето на црквата. Руското влијание го вовлекува населението во овој концепт и имплицира дека немаме ништо заедничко со западниот свет – што не е точно. Ова е еден од начините преку кој се поттикнува отпор кон Европската Унија и НАТО. Овој наратив беше промовиран преку посети на верски личности и заеднички верски служби, што претставува совршен пример за информациска операција.

Медиумите треба да бидат свесни дека зборовите се оружје во рацете на Кремљ за ширење дезинформации

Росана Алексоска - FN

Употребата на правилен јазик и фрази кога се известува за војната претставува суштинска карактеристика во спротивставувањето на пропагандата, влијанието и дезинформациите. Се чини дека голем број портали едноставно ги пренесуваат руските функционери или медиумите контролирани од Русија, и покрај тоа што тие најчесто лажат. Со ова медиумите ги поддржуваат руските напори и ги засилуваат пораките кои користат фрази и јазик што создаваат заблуди и погрешни перцепции кои придонесуваат руските наративи и пропаганда да бидат подопадливи од една страна, а публиката поподложна на истите од друга страна – додаде Алексоска.

Целата студија може да се најде на следниот линк

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.