Документи за кои што се тврди дека се од руската разузнавачка служба кон крајот на јули ги поплавија српските провладини медиуми, обвинувајќи ги за велепредавство бившиот претседател на Србија Борис Тадиќ, и бившиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ. Документите кои што прв ги објави српски Телеграф, се однесуваат на една посета на Јеремиќ во Русија, во октомври 2005 година. Според тоа што Телеграф го објави како превод на документите, Јеремиќ во име на Тадиќ бара од Русија да не стави вето во Обединетите Нации на одлуки кои водат кон независност на Косово.imageЛивче хартија претставено како официјален документПрво што ќе забележите кога ќе ја погледнете фотографијата од документот објавен на српските медиуми е дека освен што е пишано на руски јазик, нема ниту еден протоколарен печат кој што ја потврдува автентичноста или потеклото на документот. Се е сведено на едно ливче хартија, а редакцијата на весникот не се ни обиде да ја докаже автентичноста. Засега молк и од Руската амбасада во Белград.image„Кец на десетка“ за српските националистиОбјавата на Телеграф беше максимално искористена политички во северниот сосед. Актуелниот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ побара обвинитеството да ги гони Тадиќ и Јеремиќ за велепредавство. Сето тоа базирано на засега неофицијален документ за кој што се вели дека е излезен од руските разузнавачки служби. Колку за контекст, Дачиќ потекнува од партијата на Слободан Милошевиќ, обвинет од Хаг за воени злосторства. Тадиќ и Јеремиќ од друга страна беа жестоки противници на политиките на Милошевиќ.Реакцијата на Јеремиќ По ваквата хајка на провладините медиуми и владините функционери, следеше кратка реакција на Јеремиќ на Твитер. Тој го отфрли документот како лага, а најави и тужба за српски телеграф. Двојните стандарди на Русија во БалканотРусија во неколку наврати последниот период го обвини западот дека се меша во внатрешните политики на земјите од Балканот, а посебно Северна Македонија. Руското министерство за надворешни работи излезе со остра реакција за време на референдумскиот процес за името, со кое што го обвинува западот за политичка пропаганда и грубо мешање во внатрешните работи на Северна Македонија. Меѓутоа последните случувања со руските документи во Србија отвараат сериозни дилеми за тоа кој навистина се меша во Балканот. Руските власти должат објаснување дали документот објавен од српските медиуми е автентичен и дали потекнува од руската разузнавачка служба. Доколку документот е автентичен, како стигна до српските медиуми. А доколку не е автентичен, зошто дозволуваат да се употреби руската служба за политички препукувања во Србија. Како и да е, со својот молк руските власти само помагаат во политичката хајка против проевропските политичари на Балканот. Што е тоа ако не грубо мешање во внатрешните работи на земјите од овие простори?

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.