Оригинален наслов: ВИДЕО: РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО СРБИЈА: Колку е поблизу до НАТО,kpизата во Македонија е сè пoдлaбока
На 01.07.2019 порталот Инфомакс повикувајќи се на изјавата на рускиот амбасадор во Србија, објавува текст во кој укажува дека откако почна процесот на „вовлекување“ на Северна Македонија во НАТО, етничките проблеми се влошија. Текстот е пренесен и од порталот Експрес.
Линк до оргиналната статија: Инфомакс
Како што се ближи датумот за влез на земјава во НАТО, се засилува руската пропаганда. Зачините и сега се слични, малку етнички аспекти со акцент на албанското прашање и секако криза. Не изостанува ни заклучокот дека балканските земји кои влегле во НАТО немаат никакви придобивки, што секако не е точно. Според ова текстот е спин.
Порталот Инфомакс повикувајќи се на изјавата на рускиот амбасадор во Србија, спинува дека во земјава се заоструваат етничките проблеми, предизвикани од амбициите на Албанците. Амбасадорот изјавува дека „„По многу нешта оваа внатрешна kpиза во Cеверна Македонија е поврзана со едностpaното вплетkyвање на Западот“.
Ова не е точно. Медиумот не треба да наведува на донесување заклучоци кои се темелат на нечии изјави. Влезот на земјава во НАТО не е магична формула за предизвикување било какви проблеми, најмалку по етничка основа. Целиот текст е манипулативен, изобилува со спинови со веќе познатата реторика. Целта на овој текст е смислено и погрешно наведување на јавноста. И оваа објава е дел од анти-НАТО наративот кој извесно време се развива од разни портали од Република Северна Македонија и пошироко, а за што тимот на F2N2 и претходно пишуваше. Во насока на подобро разбирање, ви ја препорачуваме и експертската анализа Руското влијание пред македонското членство во НАТО.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО