„Ваша Светост! Драги пријатели! Денес јас сум возбуден повеќе од било кога да говорам”, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. “Бидејќи не станува збор за работа, туку за нешто што доаѓа од срцето.”Стоејќи на олтарот, опкужен со свештеници облечени во мантии обложени со злато, Лавров им се обраќаше на патријархот Кирил и други црковни и световни службеници за време на церемонија на осветување.Црквата Св. Сергеј од Радоњеж, во близина на поранешниот царски имот Царско село, била повторно изградена откако бил уништена за време на советската ера. Лавров, кој ретко прикажува емоции во своите јавни настапи, рекол дека е вознемирен што е поканет да го предводи управниот одбор.На церемонијата присуствуваше и претседателот Владимир Путин. Долгогодишниот руски лидер ја посети црквата заедно со Лавров, патријархот и претставник на црковниот музеј, восхитувајќи се на униформата на императорот Николај II и други историски артефакти.Нo, видео од настанот на 8 декември 2014 година, објавено на Јутјуб од страна на Руската православна црква, открива еден интересен детал. За време на посетата, непозната жена облечена во црн капут и бела наметка е видена во друштво на групата.Нејзиниот идентитет бил откриен подоцна во текот на денот, кога патријархот и доделил орден за нејзината помош во обновата на црквата.„Светлана Александровна Полјакова, вработена во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е наградена со Орден на Руската православна црква Св. Евросима, Голема војвоткиња на Москва, III степен”, истакнал еден од свештениците.Но, Светлана Полјакова не е обичен службеник.Извор близок до претставник на министерството за надворешни работи им кажал на новинарите дека со години дека таа одржувала многу блиски односи со Лавров. Новинарите откриле дека покрај тоа што го придружувала околу црквата „Св. Сергиус“, таа патувала со него во Сочи и Санкт Петербург. Таа дури се појавува и во телефонскиот именик со неговото презиме.Полјакова исто така поседува значителен имот кој обичен вработен во Министерството за надворешни работи речиси со сигурност не би можел да си го дозволи. Имотните записи покажуваат дека таа и нејзиното семејство поседуваат недвижности во Русија и Велика Британија во вредност од околу 1 милијарда рубљи (13,6 милиони долари).Полјакова и Министерството за надворешни работи не одговориле на барањата за коментар. Пронаоѓање на ПолјаковаДолгогодишната дипломатска кариера на Лавров започнала на почетокот на 70-тите години, кога работел во советската амбасада во Шри Ланка. Помеѓу 1994 и 2004 година, Лавров ја предводел Постојана мисија на Русија при Обединетите Нации. Потоа е назначен за министер за надворешни работи, функција која ја врши 17 години.71-годишниот Лавров, кој е познат по својата упорна и непоколеблива промоција на интересите на руската влада на светско ниво, е еден од најпопуларните и најдолговечните министрите во Русија.Најмногу поради оваа причина, Путин го замоли да се приклучи на листата на владејачката партија „Единствена Русија“ за изборите за Државната дума во септември 2021. „Понудата од претседателот за мене претставува чест“, рече Лавров, објаснувајќи дека ја прифатил кандидатурата претходно.Лавров е оженет и има ќерка. Неговите годишни приходи, за кои е обврзан да даде извештај како висок службеник, покажуваат дека двојката заработувала помеѓу шест и десет милиони рубљи годишно (100.000 - 136.000 долари) во текот на изминатите пет години.„Инсајдер“, независен медиум кој руската влада го прогласи за странски агент на почетокот на оваа година, објави дека министерот за надворешни работи поседува недвижен имот во вредност од повеќе од 600 милиони рубљи (8,2 милиони долари), сума која не може да се добие од неговиот деклариран приход.Но, дури и оваа сума избледува во споредба со она што новинарите го најдоа како сопственост на неговата пријателка, Светлана Полјакова.IStories, рускиот партнер на OCCRP, за првпат дознал за неа од извор близок до висок претставник на министерството за надворешни работи, кој ја опишал нејзината врско со Лавров како блиска и долготрајна. Покрај тоа, според изворот, Полјакова има значително влијание во министерството.Долго време репортерите не можеле да ја идентификуваат Полјакова затоа што не го знаеле нејзиниот патроним (татково презиме) – сè додека тоа не беше откриено во видеото на Јутјуб од церемонијата. Во видеото исто такa, е прикажана непознатата Полјакова која чекори со елитната група која во која се Лавров и Путин додека ја обиколуваат црквата, сугерирајќи дека таа има посебен статус. Појавувањето во близина на претседателот во такви прилики бара многу нивоа на одобрување.Целосното име на Полјакова исто така им овозможило на новинарите да го најдат нејзиниот телефонски број. Тие користеле апликација која ги споредува телефонските броеви со имињата на контактите и откриле дека неколку луѓе ги меморирале нејзините информации за контакт како “Светлана Лаврова” или “Лаврова Светлана”, иако таа никогаш официјално не го имала презимето на министерот. (Пред да го проверат телефонскиот број на Полјакова, новинарите ги провериле своите, и апликацијата вратила вистинити резултати – нивните мобилни броеви биле наведени во телефонските книги на други луѓе со нивните точни имиња и презимиња).Дополнителни докази за нивната врска доаѓаат од извор кој добил пристап до базата на податоци за летови. Тоа покажало дека Полјакова патувала со Лавров најмалку три пати: еднаш од Москва до Сочи и еднаш од Москва до Санкт Петербург и назад.Покрај работата во Министерството за надворешни работи, Полјакова има неколку други извори на приходи.Како што покажуваат деловните книги, до 2012 година таа била ко-сопственик на Конзул, ресторан кој се наоѓа во рамките на дипломатската академија на Министерството за надворешни работи во центарот на Москва.Ресторанот добил државни тендери за обезбедување на оброци за студентите, професорите и странските дипломати. Но, според финансиските извештаи, бизнисот не бил особено профитабилен. Во периодот од 2015 до 2020 година, вкупниот приход на компанијата изнесувал само 120 милиони рубли (1,6 милиони долари).Полјакова имала и неколку други компании наведени како ресторани, но според нивните финансиски извештаи тие исто така немале високи приходи,. Сепак, според податоците за имотот во Русија, Полjакова поседува недвижнини во вредност од околу 1 милијарда рубљи (13,6 милиони долари), проценка заснована на анализа на споредливи листи на недвижнини.Помеѓу останатиот имот, Полјакова поседува и стан од 260 квадратни метри во станбен комплекс во центарот на Москва Пречистенка 13. Оваа зграда се наоѓа во т.н. област “Златна милја” каде што се наоѓаат некои од најскапите станови во градот. Жители на Пречистенка 13 наводно вклучуваат роднини на влијателни бизнисмени и функционери, како и Леонид Микелсон, еден од најбогатите луѓе во Русија.Имотните записи не ја отркиваат вредноста на одреден недвижен имот, но стан со речиси истата големина во истата зграда е на продажба за повеќе од 700 милиони рубљи (9,5 милиони долари).Според имотните записи, Полјакова исто така поседува стан во елитна станбена зграда во одморалиштето Сочи со вредност од околу 50 милиони рубљи (680.000 долари), а поседува и куќа во село во близина на Москва во вредност од околу 57 милиони рубљи (776.000 долари).Покрај становите, IStories добиле и документ кој покажува дека семејството на Полјакова поседува повеќе луксузни автомобили. Таа и нејзината мајка поседуваат три висококвалитетни возила Мерцедес-Бенз во вредност од околу 40 милиони рубљи (545.000 долари), како и Порше. Полјакова исто така поседувала и Бентли до 2016 година.26-годишната ќерка на Полјакова, Полина, студирала на Империјалниот колеџ за бизнис во Лондон. Таа поседува компанија во Лондон, PPK Investments Ltd, која е регистрирана во куќа во Кенсингтон, еден од најскапите квартови во градот. Главната активност на компанијата е купување и продажба на недвижнини.Во 2016 година, Полина изнајмила стан во истата зграда на 999 години, вообичаена форма на индиректна сопственост на недвижности во Велика Британија. Таа платила 4,4 милиони британски фунти (6,2 милиони долари) за изнајмувањето. Таа тогаш имала само 21 година. Извор: occrp.org
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО