ОПИС

Оригинален наслов: СВЕТОТ ВО НОВА ОПACНOCT: Трамп подготвува нова Bojна пpoтив Кина поради kopoната

Авторот на текстот пренесува изјава од политички коментатор од Србија, извесен Милован Јовановиќ, кој во интервју за српскиот портал Курир.рс изјавува дека “светот е пред голем предизвик бидејќи лидерот на САД бара официјален Пекинг да се прогласи за главен виновник на коронавирусот и избивањето на епидемијата и сака да формира голема антивирусна коалиција” против Кина. Авторот на текстот, “повикувајќи” се на неименувани официјални лица од Вашингтон и разузнавачки извори од Пекинг, наведува дека “Белата куќа се подготвува за економска а можеби и вистинска војна со Кина.” Како извор на информациите се наведува српскиот портал Курир.рс.Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

ФАКТ/И

Овој текст, како што наведува и самиот автор, е превземен од српскиот портал Курир.рс, и е еден од низата статии кои порталот Инфомакс.мк ги превзема од српските портали, без  притоа да направи дополнителна проверка и верификација на фактите. Временската разликата во објавувањето на постовите на двата портала изнесува еден час.Во својата статија, порталот Курир.рс наведува дека “американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за одмазда на Кина затоа што смета дека се виновни за пандемијата на коронавирус,” наводно повикувајќи се на “изјави на официјални лица од Вашингтон, но и тврдењата на разузнавачите од Пекинг, дека Белата куќа го гледа подемот на Кина како економска и национална закана и се подготвува за економска, но можеби и вистинска војна.” Во нивната статија, се пренесени и изјави на двајца соговорници, како и “упатствата” на Републиканскиот комитет во Сенатот на САД во кои наводно се наведува дека “Кина мора да се нападне поради пандемијата.”

Не е точно дека САД се спремаат за војна со Кина. Милован Јовановиќ, кој е цитиран од порталот Инфомакс.мк, во однос на обвинувањата помеѓу САД и Кина, за Курир.рс изјавува дека “ситуацијата започнува да личи на таа од 2001 година, после терористичкиот напад, кога САД формираа голема антитерористичка коалиција против Авганистан и Ирак.” Понатаму, тој додава дека тогашниот “гнев и бес на американската јавност, Садам Хусеин го плати со живот.” Но, иако тој преку споредбата со состојбата од 2001 година имплицира на можен судир, тој никаде експлицитно не спомнува дека САД се спрема за вистинска војна.

Тимот на Ф2Н2 истражуваше за упатствата и изјавите на републиканците во Сенатот во САД. На 25 април 2020 година, престижниот американски бизнис магазин “Форбс”, повикувајќи се на Политико.ком, објавува статија во кој ја пренесува дебатата помеѓу Демократите и Републиканците во Сенатот во САД за ситуацијата со Кина поврзано за коронавриусот. Во извештајот, Републикаците ја обвинуваат Кина поради затскривање на вистинската состојба со коронавирусот и узурпација на светските залихи на медицинска опрема, и поради тоа повикуваат на дополнителни санкции кон Кина. Меѓу другото, во извештајот се наведува и дека “Кина не е сојузник и тие не се само ривал – тие се противник и Кинеската Комунистичката партија е наш непријател.” Но, никаде не се наведува дека САД се спремаат или дека треба да одат во војна со Кина.

Порталот Инфомакс.мк во континуитет објавува статии со анти-САД и анти-НАТО наратив. Тимот на F2N2.mk  го цени овој текст како класичен пример на дезинформација, и препорачува податоците содржани во текстовите на Инфомакс.мк да се земаат со резерва.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.