Контрадикторни вести дали знамето на ЛГБТ заедницата за време на месецот на гордоста смее да се вее на јарболите пред амбасадите на САД ширум светот. Aмериканскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека одлуката на администрацијата на претседателот Трамп дека пред амбасадите на САД може да се вее само американското знаме.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Но, тоа не значи дека, како што протолкуваа и раширија лажни вести дел од медиумите во светот и кај нас, дека САД нема да дадат поддршка на ЛГБТ заедницата и одржувањето на парадата на гордоста.Затскривајќи се зад веста дека Вашингтон упати инструкции да не се вее официјално никое друго знаме освен знамето на САД на јарболите пред амбасадите, медиумите, редовни произведувачи на лажни вести во Р.С. Македонија веднаш проширија наслови дека Амбасадата на САД не ја удостои ЛГБТ заедницата за месецот на гордоста.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Уште повеќе, текстот, ставајќи постара фотографија од амбасадата, изнесува лага дека знамето на виножитото воопшто и не беше поставено на ниту едно место на  амбасадата на САД што од дадената слика подолу, објавена од официјалниот профил на американската амбасада во нашата земја на социјалните мрежи, се гледа дека не е така.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Токму спротивното , и самиот претседател Трамп, објави на твитер дека САД го признаваат огромниот придонес на ЛГБТ заедницата и даваат силна поддршка за одржување на парадата на гордоста.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Голем број амбасади на САД низ светот најдоа начини како да го истакнат знамето на ЛГБТ за време на празникот на гордоста. Американскиот амбасадор во Берлин, кој и самиот е геј, изјави дека наместо знаме, ќе истакне огромен банер со виножито за време на парадата на гордоста.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

И Амбасадата на САД во Р.С. Македонија, како што споменавме погоре, почитувајќи ги инструкциите на Вашингтон не го постави знамето на ЛГБТ на јарболот пред објектот, туку на ѕидот на амбасадата се вееше знамето со виножито, а објектот беше обоен со рефлектори во боите на виножитото.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Од амбасадите на САД во светот се бара да се обратат во Вашингтон за дозвола ако сакаат да кренат друго знаме освен американското на јарболите пред амбасадите. Дел од американските амбасади велат дека до минатата година поставувањето знамиња на ЛГБТ заедницата за време на месецот на гордоста било рутина, од оваа година амбасадите не добија дозвола знамето на ЛГБТ да се вее официјално, на јарболите пред амбасадите.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.