Оригинален наслов: ОВОЈ ЛЕК ДОКАЖАНО ГО УБИВА КОРОНАВИРУСОТ: Откритие на Руската биомедицинска агенција
На 14 – ти април, порталот Улица.мк објави текст во кој што информира дека Руската биомедицинска агенција открила лек против Коронавирусот на база на лекот Мефлокин, кој што се користи за лечење на Маларија.
Пред се вреди да се напомене дека се работи за рециклирана вест која што повремено се актуелизира. За ова „откритие“ нашиот тим веќе пишуваше упатувајќи дека сеуште нема лек против коронавирусот.
Светските научници во Светската Здравствена Организација (СЗО) се уште работат на создавање на препарат за медицински третман на болеста.
Интересен е фактот што паралелно на ваквите сеуште експериментални обиди се работи и на пронаоѓање на вакцина која ќе овозможи имунизација на населението.
Во екипата која што работи на новата вакцина, нема руски лекари. Повеќето се американци, италијани и кинези. Ова е можна причина за упорноста на руските власти да излезат со решение, со лек, пред СЗО, но тоа не значи дека навистина го откриле лекот.
Сведоци сме дека со прогласувањето на пандемијата предизвикана од COVID-19 многу домашни новински портали објавуваат вести кои посочуваат дека во Русија е пронајден лекот. Ова се многу неодговорни тврдења кои шират погрешен впечаток во јавноста за опасноста од овој вирус. Впечаток кој исто така може да придонесе за уште поголемо ширење на заразата.
Светската Здравствена Организација предупреди да не се брза со употреба на лекови кои што се уште не се докажани како ефикасни додека се пронајде правиот лек.
Затоа граѓаните мора внимателно да ги проверуваат информациите поврзани со пандемијата и да го оформат своето мислење врз основа на кредибилни и проверени извори.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО