Пред неколку години, Урсула Легуин (1969) опиша еден фиктивен свет во кој не постојат „жени“ или „мажи“, туку само индивидуи. Секако дека ова е оставено на интерпретација, но ако тргнеме од личен аспект, ние пред се сме живи суштества со чувства, без разлика на кој пол припаѓаме. Со декади научниците расправаат дека жените и мажите функционираат на различен начин бидејки нивниот мозок се разликува. Но сето ова не е ништо ново, сепак биологијата е таква кава што е, но каква улога играат општествените норми во животот на жените и на мажите? Дали на мажите им е полесно отколку на жените? Доколу не е така, тогаш зошто во 21’ви век жените сеуште не се рамноправни со мажите? Додека се очекува од мажите да бидат успешни и амбициозни, не може да се каже дека општеството ги има истите очекувања од жените. Секако дека жените треба да заработуваат пари, но не и повеќе од мажот! Запрашајте се, какви би биле насловите на порталите доколку се работеше за директор МАЖ?Историјата ни покажува доволно примери за тоа како жените биле лишени од позиции, права и институции, а во сегашноста жените не се доволно застапени на високи позиции, земаат помала плата од мажите, и имаат помалку шанси да бидат политички лидери.Директорката на УЈП во неколку наврати била изложена на намерна дискредитација преку серија на непримерни, дискриминаторски, навредливи и сексистички наслови за што повеќе можете да прочитате тука. Сексизмот е комплициранПостојат различни видови на дискрминација, како што е на етничка база, на економска база и т.н. и сите видови се комплцирани. Тој што дискриминира, има можност при тоа да ја избегне онаа група која не му се допаѓа. Истото не може да се каже и за родовата дискриминација, бидејки во тој случај тој што дискриминира е во постојан контакт со спротивниот пол, а во повеќето случаи, истиот човек има сопруга, ќерка или родител покрај него. Модерните сексисти се разликуваат од старомодните сексисти, додека старомодните веруваа дека жените се негувателки и домаќинки, модерните сексисти често знаат да кажат; „Ги подржвам правата на жените, но ептен претераа со нивните барања за еднаквост, кај и да е секаде ќе се вработат!“, ваквото лицемерие може да предизвика неоснована омраза кај човекот, кое потоа може да премине во насилство со цел да се биде доминантен над другиот пол.Медиумите и новинарите мора да ја почитуваат етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум. Медиумите мора да се придржуваат до правилата за професионално известување. Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО