Да се биде мета на сексизмот, носи свои последици: емоционални, когнитивни, бихевиорални и психолошки. Овој вид на проблеми не се предизвикани само од родовите нетрадиционални професии, туку и од ставовите на соработниците на поединецот. Непријатно е да се биде во ситуација кога другите се скептични во врска со нашите квалификации или очекуваат од нас лоша изведба на работата. Не изненадува фактот што луѓето имаат тенденција да не ја сработуваат најдобро својата работа на работното место кога нивните соработници се сомневаат во нивните способности, формирајќи негативни стереотипи за нив. Кога се мета на сексизмот, луѓето манифестираат физиолошки реакции како што се:  засилено срцебиење, повишен крвен притисок, срцева контрактилна сила и други видливи реакции како што се осип на кожата.Сведоци сме дека медиумите ги зајакнуваат родовите стереотипи, исто така, директно доведувајќи до сексизам.  Како и да е, постојат јасни докази дека медиумите исто така промовираат сексизам. Бесрамната мизогинија е вообичаена во коментарите на изведувачите и на медиумските коментатори и при прикажувањето на жените на телевизија, во филмовите, музиката и другите медиуми. Едно од позабележливите места за појавата на сексизмот во медиумите се пребарувањата на Интернет, каде резултатите од пребарувањето што ги покажува првите резултати, честопати покажуваат сексизам и расизам. На пр.  при пребарување на најдобрите спортистки, резултатите варираат од „прекрасни жени спортистки“ до „најсекси жени спортистки“, создавајќи на тој начин предрасуди.Може лесно да се каже дека сексизмот „цвета“ во медиумите кога станува збор за женски политичарки. Постојат неколку примери за тоа како телевизиските или радио коментаторите користат груби, па дури и безобразни зборови кога го опишуваат изгледот, а не достигнувањата на жените во политичкиот свет. За време на претседателската трка во САД во 2016 година, коментаторите ја исмеваа Хилари Клинтон и за тоа што не се смее, и за тоа што премногу се смее. Дури и поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, беше постојана мета на расистички и сексистички забелешки додека беше во Белата куќа. Ниту Северна Македонија не е имуна на тој вид коментари; на пр., откако стана вицепремиер на Владата и Министер за одбрана, Радмила Шекеринска беше критикувана за тоа дека жената не треба да има толку висока позиција во полето на одбраната, а медиумите и социјалните мрежи се обидоа да ја прикажат како некомпетентна, базирајќи се токму на нејзиниот пол. Земете го на пр. и Специјалното јавно обвинителство, составено од Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, кои постојано беа мета на медиумите поради нивниот физички изглед или за тоа каква гардероба купуваат и каде. Социјалните медиуми, исто така, не се пријатна средина за обичните жени; на пример, ако жената го изнесе своето политичко мислење на „Фејсбук“ или „Твитер“, таа исто така е исмејувана поради својот изглед, со што јавно се делегитимизира нејзиното мислење.Медиумското покривање на женските политичарки честопати користи сексистички јазик и има тенденција да се фокусира повеќе на семејната улога, изгледот и перцепцијата на „политичките прашања на жените“ кога зборува за женските политичарки. Жените секојдневно се соочуваат со прашања со кои машките политичари скоро никогаш не се среќаваат, како на пример, да бидат замолувани да се насмевнат или да одговорат на прашања за рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.   Политичарките биле стереотипирани во медиумите како „ледени кралици“ или „баби“ и историски се категоризираат во една од четирите улоги: заводничка, мајка, домашно милениче или борбеничка. Значи, суптилниот сексизам во политичките вести може да има вистинско влијание врз кандидатите. Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените   https://www.cjr.org/analysis/pink-wave-candidates.php https://www.cjr.org/analysis/pink-wave-candidates.php

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.