СEУЛ (Ројтерс) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласил вонредна состојба, но и наредил карантин за пограничен град, откако едно лице е осомничено дека е заразено со коронавирус. Лицето се вратило од Јужна Кореја, откако нелегално ја преминал границата, јавија државните медиуми во неделата 26.07.2020. Доколку се потврди, ова ќе биде првиот случај кој официјално е признат од севернокорејските власти.Лидерот Ким Џонг-Ун свикал итен состанок со цел да открие како вирусот влегол во земјата“, објави државната КЦНА. КЦНА не открива дали е тестирано лицето, но објавува дека се направени неколку лекарски прегледи, по што лицето и сите кои биле во контакт со него, се ставени во карантин. Извор: Reuters
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО