На 2 февруари, ТАСС објави за интервју на рускиот министер за надворешни работи Лавров, во кое тој рекол дека западните земји планирале Молдавија да ја игра улогата на „следна Украина“, бидејќи молдавската претседателка Маја Санду, која, според него, била поставена од Западот, била желна да се приклучи на НАТО. Тој, исто така, го критикуваше одбивањето на Молдавија да продолжи со активностите во рамките на групата „пет плус еден“ за Придњестровје (Транснистрија), велејќи дека овој потег јасно покажал дека молдавските власти „се подготвени да го решат проблемот со Придњестровје на сила“.
Лавров го продолжува трендот на закани упатени од руски официјални лица кон другите европски држави во соседството на Русија (но дури и на Балканот), критикувајќи го нивниот проевропски став и подготвеност на овие земји да се приклучат на НАТО. Не е првпат Лавров да ѝ се заканува на Молдавија – истото го направи и во септември 2022 година, по заканите кон Литванија во врска со Калининград. Други примери на такви закани од почетокот на руската агресија врз Украина беа забележани од рускиот претседател Путин, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев, портпаролката на руското МНР Захарова, министерот за одбрана Шојгу и чеченскиот лидер Кадиров.
Овој наратив има за цел да поттикне страв кај граѓаните на целните држави со тоа што ја прикажува Русија како моќна. Самиот наратив ги искривува фактите со тоа што го намалува правото на суверените земји слободно да го изберат начинот на кој ќе ја организираат својата одбрана и слободно да избираат дали ќе се приклучат на разни меѓународни организации.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО