Поговорката ,,Сите патишта водат кон Римˮ е прв пат изведена од фразата што ја создал францускиот поет Ален де Лил во средниот век во 1175 година: „mille vie ducunt hominem per secula Romam“, што значи „илјада патишта кои засекогаш го водат човека кон Рим. " На 11 март 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) го препозна КОВИД - 19 како пандемија, Италија беше меѓу првите земји што престанаа со летовите кон Кина и се смета за најпогодена со најлошиот исход во Европа. Навистина, дури и ако метрополите не сакаа да си помагаат едни на други, надежите на Рим за помош зависеа од активирањето на Комисијата за Вонредни Состојби, што и дозволува на Европска Унија да купи итни медицински материјали и да ги дистрибуира оние ресурси каде што е најпотребно низ целиот континент. Бидејќи COVID - 19 беснее низ Европа, се чинеше дека владите на ЕУ паднаа на сите фронтови, некои членови од ЕУ воведоа нови мерки без да се консултираат со соседните земји. Европската унија даваше слика на егоизам и себичност, додека беше премногу зафатена со сопствените проблеми, оставајќи ја секоја земја сама да се справи со случајот. Во изминатите недели, многу земји беа критикувани за тоа што дозволија кризата да се влоши, а некои дури и се соочија со реакција од сопствените граѓани затоа што не ја сфатија појавата на вирусот посериозно. Иранците ги критикуваа владините претставници за продолжувањето на изборите додека вирусот се шири и затвора секуларни простори додека ги држеа светилиштата отворени, особено во шиитскиот град Ком. Острите критики исто така беа насочени кон неподготвеноста на владата да спроведе карантински мерки на поголема површина, како оние што ги спроведува Кина и Италија, при што иранските власти ги нарекуваат карантините „старомодни“. Додека остатокот од светот се обидуваше да го забави ширењето на вирусот, Кина го разгледуваше овој јаз како можност за ширење на пропагандата, глумејки „спасител“ а при тоа се обидуваше да го прикрие фактот дека првично тие дозволија вирусот да настане во пандемија. Истовремено, не е тајна дека Кина одамна ја идентификуваше Србија како важен партнер во југоисточна Европа и со години го негуваше Вучиќ правејќи значителни инвестиции во земјата. Претседателот Александар Вучиќ, се смета за политичар кој што не ги криеше своите емоции во повеќе наврати, тој отвори порој на критики за Брисел; „До сега сите разбравте дека голема меѓународна солидарност всушност не постои“, рече тој на прес-конференција. „Европската солидарност не постои. Тоа беше бајка“. Излагањето на Вучиќ, кое стана вирално на социјалните медиуми, понуди огромна победа за пропагандната машина на Кина. Зошто никој во Брисел или Берлин не се понуди за помош на Рим? Медиумите, детално известуваа за маките во италијанските болници, мерките за итни случаи и празните улици. Што значи, никој не може да рече дека не знаеле што се случува таму. Во секој случај одговорот од ЕУ доцни, но сепак пристигна, да разгледаме какви мерки се преземаат од Европската комисија? Претседателот Урсула фон дер Лејен предложи целосен сет на мерки: - Соодветно снабдување со заштитна опрема и медицински материјали во цела Европа;- Ублажување на ударот врз луѓето и економијата со примена на целосна флексибилност на фискалните правила на ЕУ;- Формирање на иницијатива за реакција на коронавирус од 37 милијарди евра за да се обезбеди ликвидноста на малите бизниси и здравствениот сектор;- Кохерентен пакет упатства до земјите-членки за граничните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, притоа овозможувајќи слободен проток на основни производи;- Ограничување на привремено непотребно патување во Европската Унија. Покрај мерките за контролирање и лекување на болеста, Европската комисија формираше „тим за одговор на корона“ и достави голем број законски предлози на 13 март, кои имаат за цел ублажување на економското влијание на кризата. Предлозите се однесуваат на заштита на работниците и компаниите против загуби на приход преку, на пример, поедноставени правила за државна помош и финансиска помош од буџетот на ЕУ и Европскиот инвестициски фонд. Меѓу другото, Европската комисија предложи нова „ Иницијатива за одговор на инвестиции COVID-19“ во вредност од 37 милијарди евра, која би била составена од неискористени и сè уште нераспределени структурни фондови. Транзицијата кон регресивно национално размислување завршува, најдоцна кај економските последици: Европа одамна е толку испреплетена што заканувачката рецесија може да се надмине само со здружени сили. Генерално, не е опција да се дозволи пад Италија, тоа треба да им биде јасно дури и на најзакоравените националисти. Заедно, Европа е најсилниот економски блок во светот и може идните месеци да формира решавачки политики. Проблем е, лажниот наратив и пропагандната машина во Кина, која се заканува да се шири со иста брзина како и корона вирусот! Мерал Мусли Тајроска - психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост. Автор на цртежот: Мариан Каменски 

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.