Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: СЈО заминува во историјата, договориле лично Мицковски и ЗаевНа 9 април во јавноста се појави дезинформација во која уште во насловот се тврди дека СЈО заминува во историјата, базирана на непотврдени информации добиени од партиски извори. Насловот сугерира дека на лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е договорено СЈО да не продолжи да функционира.Линк до оригиналната статија тукаДруги портали кои ја објавија веста: markukule.mkЛинк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Текстот уште во насловот ја спинува веста за резултатите од средбата меѓу лидерите на власта и опозицијата, укажувајќи дека од средбата има исход, иако тоа воопшто не е точно.Самиот текст не кореспондира со насловот, бидејќи таму е изнесено дека има исчекор по однос на одредени барања од опозицијата, но дека до конечниот договор има уште многу работа. Во однос на СЈО, пишува во текстот, било заклучено дека истото нема да продолжи да функционира во досегашната форма, што всушност не е нова вест, со оглед на тоа што Владата веќе поднесе предлог-закон со кој СЈО ќе стане дел од Јавното обвинителство, но со посебни надлежности и свој буџет. Повеќе детали, во однос на СЈО, како и за меѓупартиските преговори, можете да прочитате тука.Од ова, авторот на самиот текст извадил наслов со кој ја спинува и реалноста и самиот текст.Владата реагираше брзо со демант, со што го спречи ширењето на овој спин. Преку својот Твитер профил, објави дека СЈО не заминува во историјата и дека не е точно дека СЈО ќе престане да функционира. Нема договор ни за тоа дека опозицијата ќе предлага јавен обвинител.Нетпрес го објави демантот на Владата, но во продолжение на текстот уште еднаш посочи дека претходната објава дека СЈО нема да продолжи да функционира била од партиски извори. Ова пак ниту е воопшто предмет на демант на Владата, ниту е спорно, како што е објаснето претходно.Спорен е насловот која ја спинува и менува целата суштина на веста.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.